Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Wednesday, October 2, 2024

More
    домаАгро ВестиЛОЗАРИ ОВА Е ВАША ЗАСЛУГА

    ЛОЗАРИ ОВА Е ВАША ЗАСЛУГА

    petel baner

    Македонија минатата година од извоз на вино заработи 51.831.000 долари или 13,9% од вкупниот извоз на глобално ниво, што лани достигна 36,1 милијарда долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Најголем извозник на вино во светот лани беше Франција со извезени 11 милијарди долари или 30,4% од вкупниот извоз. Меѓу 10-те најголеми извозници на вино лани беа и: Италија (7,3 милијарди долари), Шпанија (3,1 милијарда долари), Австралија (2,1 милијарда долари), Чиле (1,9 милијарди долари), САД (1,4 милијарди долари), Нов Зеланд (1,2 милијарди долари), Германија (1,2 милијарди долари), Португалија (919,7 милиони долари) и Велика Британија (836,6 милиони долари).

    Otkup na kompiri

    Од земјите во регионот, само Грција е во подобра позиција од нас. Со извоз од 89 милиони долари, оваа земја е пред нас само три места, односно е 26-та на глобално ниво.

    Бугарија е 31-ва со извезено вино во вредност од 39,5 милиони долари, 10 места подолу е Србија со 20,8 милиони долари, Хрватска и Словенија извезле вино од 18 односно 17 милиони долари, додека Црна Гора е 48-ма со извоз од 14 милиони долари.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img