Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаАгро ВестиОколу Здруженијата на Тутунари

    Околу Здруженијата на Тутунари

    petel baner

    Согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, овластен застапник за остварување на правата на тутунопризводителите е највисоката асоцијација на тутунопроизводители која меѓу другото мора да обединува најмалку две здруженија на тутунопроизводители во кои се вклучени најмалку 30% од вкупниот број евидентирани тутунопроизводители во ИСЕТ и за таа цел репрезентот до Министерството мора да достави список со име и презиме, адреса и ИДБР на производителот на тутун. Производителот на тутун може да биде член само на едно здружение.Вкупниот број на евидентирани тутунопроизводители во ИСЕТ системот за 2020 година изнесува 19.702 тутунопроизводители, а во Октомври 2019 година со одлука на тогашниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, „Сојузот на земјоделски здруженија-Прилеп„ е овластен за највисока асоцијација на тутунопроизводителите.Колку и какви здруженија обединува овој сојуз, и дали кон него се приклучени 30% од вкупниот број евидентирани тутунопроизводители во ИСЕТ најдобро си знаат тутунопроизводителите. А органите во Министерството, добро знаат дека во нормална држава за издавање на такво овластување се лежи во затвор од минимум четири откупни сезони.Улогата на Сојузот на земјоделски здруженија Прилеп при откупот на тутунот е активно да учествува во процесот на откупот преку свои претставници од здруженијата на тутунопроизводители кои во него членуваат по откупните пунктови, за што на сујузот му следува надоместок за организирањето и застапувањето на претставниците од здруженијата на тутунопроизводители при откупот на тутунот во висина од 0,35 % од откупната цена за секој откупен килограм тутун, што значи на сметката на Сојузот во просек се слеваат средства во висина од 20 до 25 милиони денари и тука престанува грижата за тутунопроизводителите за ценењето на предадениот тутун по класи а со тоа и потценување на нивниот труд.Луѓето кои денес протестираа, не сфаќаат дека борбата за правилна проценка на откупениот тутун по класи треба да се води токму на откупните пунктови и токму од страна на претставниците на здруженијата на тутунопроизводители кои членуваат во Сојузот како највисока асоцијација на тутунопроизводителите кои ги ужива тие 20 до 25 милиони од откупната реколта. Во таа смисла координаторите на терен испратени од Сојузот имаат битна улога во борбата за добра оценка на тутунот по класи. Дали ја водат битката за повисоки класи и зошто не е прашање, чиј одговор доведе до денешното незадоволство.Ако тутунопроизводителите дознаат како и за што Сојузот кој ги претставува, ги троши овие 20 до 25 милиони, убеден сум дека ќе сфатат дека правдата не треба да ја бараат со протести на улица и против откупните претпријатија, ами во Сојузот каде се наоѓаат единствените виновници за ваквата состојба. Сакам да кажам дека луѓето не разбираат дека се предадени од претставниците на сопствените редови.Тутунопроизводителите не се свесни за својата моќ. Кога тоа го велам, мислам на тоа дека без нив, синџирот кој ги стега т.е Министерството (државата) и откупните претпријатија ќе се скине за миг, откако ќе осетат што значи загуба од само една откупна реколта.Како и во сите други борби за права, така и оваа бара жртва и ризик. Или ризикувајте и не го предавајте својот труд за џабе, чекајте до Февруари да Ви бидат понудени реални класи за Вашиот тутун или како и секоја година и оваа задоволете се со милостината која Ви ја нудат Вашите џелати.

    Фб статус

    Otkup na kompiri
    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img