Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

More
    домаАгро советиРЕЗИДБА НА АКТИНИДИЈА - КИВИ ПО СИСТЕМ НА ОДРИНА

    РЕЗИДБА НА АКТИНИДИЈА – КИВИ ПО СИСТЕМ НА ОДРИНА

    petel baner

    Бидејки Актинидијата е лијанoвиднo растение па при самoтo растење се прилагодува на различни системи на одгледување. Затоа кој систем ке го одбереме,зависи од производните и природните услови на самото подрачје.Во Струмичкиот регион системот резидба на одрина е најмногу застапен,бидејки одговара на нашите климатски и почвени услпви. При пвој систем на одгледување се добиваат највисоки приноси по единица површина. Самата резидба се врши при формирањето на системот на одгледување и во периодот на плодоносењето.

    Резидба на род

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Резидбата на род почнува од почетокот на плодоносењето и трае се додека е овошката способна да носи род. Резидбата се извршува во периодот на зимското мирување и во периодот на вегетација, во периодот на мирување или зимска е основна и задолжителна. Зимската резидба се извршува со цел на опшивката да и се остават доволен број на правилно распоредени едногодишни ластари. Ластарите се поставуваат по должината на централната водилка на растојание од околу 25 до 35 сантиметри. На една може да издржи а должината на родните ластари и резниците што се поставуваат со резидба се движи од 2 до 8 пупки. Со зимската резидба едногодишниот роден ластар се поткратува на 6 до 8 пупки. Со летната резидба во текот на вегетацијата избиените млади ластари се кројат од 6 до 8 пупки од последниот плод. По завршувањето на вегетацијата и паѓањето на лисјата, избиените млади ластари стануваат родни. Важно е да се напомене и тоа дека кај актинидијата родните пупки се од 2 до 8 колено на ластарот, затоа при резидбата треба да се води сметка да се остават ластарите со наведената должина. Со правилната резидба се овозможува подобро просветлување на крошната, подобро струење на воздухот, повеќе светлост при дозревањето на плодовите и формирање на цветните пупки за наредната година. Воедно со бројот на оставените папки може да се влијае и на големината и квалитетот на плодовите.

    Летна резидба

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Летната резидба или како уште се вика зелената резидба се воспоставува рамнотежа меѓу вегетативниот и родниот потенцијал на овошката. Таа се изведува во повеќе наврати во зависност од бујноста на овошката, се врши од еднаш до три пати во текот на вегетацијата.

    Првата е во почетокот на вегетацијата и се отстрануваат непотребните ластари се до скелетот на стеблото, се отстрануваат ластарите кои со растењето ќе ги засенуваат и ќе се плеткаат во родните ластари.

    Втората се изведува после цветањето и третата зелена резидба се извршува на 15 до 20 дена од претходната и трае некаде до доцна наесен.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img