Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

More
    домаАгро советиTОВ НА ТЕЛИЊА – (до петта недела од животот)

    TОВ НА ТЕЛИЊА – (до петта недела од животот)

    Совети и препораки за одгледување на телиња

    По отелувањето телињата добивбаат млеко/колострум/ од мајката кое содржи висок процент на имуноглобулини и антитела и истото му овозможува максимална имунолошка заштита.По петдневно добивање на колострумот, телето на располагање добива 6 до 8 литри млеко за телиња и дополнително стартер за телињата. Во оваа фаза на одгледување на телињата, во прв план стои здравјето на животните. Мора да се доведе на минимум појавата на проливи и други по живот опасни болести и загуба на телињата.Покрај тоа во оваа фаза треба да се поттикнува земањето на концентратот, за да се поттикне развојот на бурагот и да се намалат трошоците за храна. Кога телето ќе прифати 1,5 кг стартер, тогаш може да се одбије. Затоа на млекото за телињата и на стартерот за телињата им се придава посебна важност.

    Заштита од проливи – лекување Покрај болестите на белите дробови најчести заболувања кај младите телиња се болестите поврзани со проливот. Кај овие заболувања штетата е преголема. Покрај трошковите за лекување на животните, лекови, изгубеното време за нега на болните телиња е и смртта на телињата и нискиот дневен прираст. Причини за заболување До проливи кај младите телиња доаѓа заради повеќе причини. Покрај причината на менаџментот и надворешните влијанија (услови на одгледувањето, микроклима, стрес, назадоволителна клима, и исхраната ) значителна улога имаат и биолошките фактори. Тука се предизвикувачите на болестите од бактерии (Ешерихија Коли, Салмонела), вируси (Рота – Корона) и паразити. За зачестената појава на проливи секогаш имаат влијание горе наведените фактори. Еден лек против проливи не постои. Последици Неврзано со причините за проливот ,телето губи повеќе или помалку голема количина на течност и електролити.

    Лекување и напојување Постапки на лекувањето кај проливите се:  Надополна на изгубената течност и електролити  Покривање на потребите за хранливите материи и енергијата. Додека телето се напојува, со количината на млекото мора да биде покриена неговата потреба за хранливи материи и енергија. Телето со пролив треба да се напојува исто како и здраво теле. Најновите истражувања докажуваат, дека недавањето на млекото (диета) е штетно кај телињата со пролив. Така телињата со пролив кои се континуирано напојувани беа болни временски исто, меѓутоа имаа видливо поголема тежина од телињата од диетна група. Веќе на почетокот од проливот (раното откривање е важно) и за време на проливот губитокот на течноста може да се надополни со дополнително давање на Санолит . Два саати по напојувањето со млекото. Tов на телиња –(до одбивање од млекото) Од шестата недела на животот до крајот на периодот на цицањето, на првото место стои развојот на бурагот, а со тоа е врзано и прифаќањето на цврста храна.На животните покрај млеко за телињата (2 x 3 литри на ден), и понатаму се дава на располагање стартер за телињата и основна храна али само во мали количини нпр. една шака сено и/или пченкарна силажа на животно преку ден помешано со стартер. За време на напојувањето телињата би требало да земаат што повеќе стартер за телиња а помалку основна храна, бидејќи развојот на бурагот се поттикнува преку стартерот. По периодот на напојувањето, големината на бурагот (волумен на бурагот) се развива преку земање на големи количини на основната храна, значи силажа, сено и слама. Ако телињата јадат 1,5 кг стартер, тогаш со стартерот се покрива нивната потреба за хранливите материи. Сега може да се прекине со напојување. На телињата секогаш мора да им се дава доволно вода, како би го зголемиле внесот на концентратот.Во оваа фаза од развојот треба да се води грижа за млекото за телињата и стартерот за телињата.

    Совети и препораки:

    • Телињата треба да се раѓаат во чист бокс за телење.

    • Боксот за телење треба да е послан со доволно чиста слама.

    • Доколку е можно , боксот за телење не би требало да се наоѓа во шталата за крави, али во близина на измузилиште. Најдобро надвор со полно воздух, кислород и сонце, али со можност за контрола.

    • Боксот за телење и боксот за болни крави би требало да бидат што е можно повеќе одвоени.

    • Веднаш по породувањето колострумот да се измолзе во чиста канта со цуцла (околу 1 до 2 литри) и со него да се напојува телето.

    • Чистете и дезинфицирајте го вимето пред молзење.

    • Колострумот треба да е што е можно почист и хигиенски беспрекорен, како би се спречиле болести.

    • Се препорачува телињата да добиваат 4 до 5 литри колострум првиот ден од животот.

    • Доколку кравата го испушта млекото пред телењето, измолзете ја кравата и замрзнете го колострумот. Кога ќе се отели, полека и опрезно одмрзнете го колострумот и загрејте го на температура од околу 38 °C. Дајте му го колострумот на телето во првите 3 сати од животот со 50 гр Котосан Плус, бидејќи такво млеко содржи највисок износ на антигени и нуди на телето најдобра заштита против инфекции.

    • Колострумот мора да биде густ и кремаст.

    • Подобрете го првиот колострум со Котосан Плус како би осигурале висок внес на имуноглобулини и антитела. 90% на сите телиња не добива доволно антигени.

    • По раѓањето телето одма мора да се префрли од штала на отворено , за да не дојде во допир со причинители на болести од мајката или други крави.

    • Телето се изнесува надвор кога е чисто, исчистено од слуз и суво, за да не настине. • Како добри се покажале иглу куќички за телиња во кои телето добива многу светло и воздух и може да расте без проблем. АПРЗ Ре Гостивар Советник: Слободан Серафимовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img