Турција, Бугарија, Грција – Македонија се производители на ориентален тутун еве колку произведуваат:
Турција со 100 милиони народ , има годишно производство на ориентален тутун од само 68 милиони kg.
Македонија има фантастично годишно производство од околу 33 милиони kg ориентален тутун.
Грција и Бугарија по некои смешни 15 милиони kg годишно.
Македонија е втора во светот во производство на ориентален тутун со нашиот светски утврден бренд “ТИП ПРИЛЕП” и YAKA.
Со некои 47% од турското производство и со над повеќе од 50% спрема третиот најголем производител во светот.
Преработениот тутун што се извезува во 2016 достигнал пазарна цена од 7,09 ЕУР по kg. Има простор 2 евра по кг тутун да е оперативниот трошок на фабриките ( а не е толку ) и 1 евро по кг да е профитот -( поголем е ) . Ако некоја компанија откупи 10 милиони килограми и ако има домаќински менаџмент прави 10 милиони евра профит. И тоа е сосема ок.
Сега сакаат да го откупат по 2 евра и да го продадат 7 евра и повеќе.
Проблемот е што некои главучи си изгласаале некаков закон со кој се дозволува увоз на “гној” евтин тутун кој после го мешаат со нашиот за да зачуваат на квалитет а истовремено нема слободен извоз на тутун. И вештачки е пореметена рамнотежата и силата на универзалниот закон за понудата и побарувачката.
Таму каде што се сечат “кривите” од графичките функции, таму е цената.
На перверзен и криминален начин овој пат “тежиштето” е на страната на откупувачите. И сето тоа благодарение на оние кои ги гласате.
Текстот ни го испрати еден наш член и не замоли да го објавиме ова се неговите зборови на прашањето дали да објавиме: НОРМАЛНО ДА ОБЈАВИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА СЕ БОГАТАТ НА ТУЃ ГРБ.