Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 1, 2022

More
    домаАгро советиКарфиолот - начин на негово одгледување

    Карфиолот – начин на негово одгледување

    Карфиолот претставува зелјесто растение со пријатен деликатесен вкус.

    Во Карфиолот има многу храниливи материи а мали калорични вредности, односно на 100 гр. хранлив дел а содржи многу малку калории само 25.

    кантарионот
    Карфиолот преставува зелесто растение

    За исхрана се употребува цветот, кој е доста збиен во главица, која е премногу богата со витамин Ц исто така содржи протеини, растителни масла, шеќери, минерали (калциум, калиум, фосфор, сулфур, железо).

    Меснатата средина на карфиолот претставува збиени цветови во облик на главица, а покрај неа се шират зелени и крупни листови.

    Кога карфиолот е наменет за употреба во свежа состојба треба веднаш да се користи, бидејќи е склон на брзо расипување или гниење. Тешко е сварлив за човечкиот организам, бидејќи содржи доста целулоза, или 0,91%. Карфиолот се користи во свежа состојба, смрзнат, закиселен.

    Бидејќи припаѓа на фамилијата зелки затоа условите на одгледување се доста слични во текот на целиот период на одгледување.

    Се засадува во различно време во годината, посебно по опасноста од доцни пролетни мразеви. Ако се засади во топли и сончеви периоди, тогаш доаѓа до пожолтување на плодот и тој има горчлив вкус.

    Кај нас претежно се одгледува во доцните есенски денови, кога температурата е пониска, за разлика од летниот период. Семето на карфиолот треба да биде засеано во затворени простории или леи, кои на почетокот треба да бидат доста засенчени, посебно во текот на поникнувањето, кога е и најосетлив.

    Расадот редовно се надгледува во текот на вегетацијата, се полива, се заштитува и прихранува. Исто така, карфиолот е многу осетлив на недостатокот на елементот бор.

    Растенијата, кога ќе добијат висина од околу 15 см, односно по 3-4 недели, се засадуваат на постојано место, на растојание од околу 50 см.

    Пред засадувањето, се отстрануваат првите два листа коишто се формирани најниско и се засадуваат на веќе припремената површина. Таа треба да биде средно пропустлива, богата со хумус и хранливи материи, и во текот на производството се внимава на заштитата и потребните агротехнички мерки, како наводнување, прихранување, окопување, итн.

    Кореновиот систем е жилчест, во форма како кај зелката.

    Стеблото кај младите растенија е зелјесто, во долниот дел дрвенесто, цврсто и дебело, во висина од 20 до 30 см.

    Листовите се собрани во листна розета, овално издолжени. Оптималната температура за пораст и развој е 15-18°С во текот на денот, и 12-15°С во текот на ноќта.

    Карфиолот бара големи количини на храна и хранливи материи во текот на вегетацијата.

    Што се однесува до сортите, некои при формирањето на плодот се отворени и поради белата боја на главицата со што бараат да бидат покриени одозгора со некој страничен лист од самиот карфиол додека пак во последно време се користат исклучително хибридни семиња кои сорти кои околу самиот цвет (плод) имаат директно обвиткани листови од карфиолот, и тие не дозволуваат плодот да добие жолтеникава боја, којашто не е адекватна за самиот хибрид.

    Во зависност од сортата на карфиолот, бербата треба да биде кога пречникот ќе достигне од 15 до 30 см или од 0,5 до 2 кг. многу важно е бербата на карфиолот да биде пред да се отворат цветовите.

    Плодот е со округла или сплесната форма.

    Ако пупките од цветовите бидат отворени во време на бербата, тогаш карфиолот губи од својот квалитет и вкус. Кога се бере карфиолот, коренот треба да биде отсечен што поблиску до главицата.

    Карфиолот стасува за берба за околу 60 дена од сеидбата на постојаното место.

    Пакувањето треба да биде внимателно и во соодветна амбалажа.

    Поеќе совети поврзани со земјоделието можете да најдете во Агро Училницата

    Ако сте заинтересирани за одгледување краставица прочитајте ТУКА

    Или побарајте совет од поискусните Земјоделци во Земјоделската Фејзбук или Вибер група

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img