Костенот храна на боговите
Костенот е големо дрво со бујна голема крошна кое расте брзо и може да нарасне до 60 метри и да достигне старост преку 400 години.
Листовите на костенот се долгнавести петопрсни поставени на долги дршки.
Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон но и го користи и фармацијата во последно време за лекови наменети за хепатитис и воспаленија на хепар па до лекови за ослабување.
Од стеблото на дрвото се изработуваат мебел и огради, а во Италија од него се прават и буриња.
Костенот доцна цвета, па во есенскиот период е главен извор на полен и нектар за пчелите.
Костеновиот мед е многу лековит, помага при гастритис, го штити црниот дроб и придонесува кон подобра циоркулација во организмот.
Европскиот мед направен од костен и бадем е на самиот врв и е од нај скапите и нај ценетите во светот.
Костенот е со темно-црвена кафена боја и со мазна површина, а рaсте во бодликава обвивка која пука во есен кога плодот е зрел.
Едно дрво на костен, годишно може да даде и повеќе од 250 килограми плод.
Питомиот костен е вистински деликатес, дивиот костен не е за јадење, но е лековит и од него во фармацевтската индустрија се приготвуваат креми, тинктури и други медицински препарати.
Плодот на питомиот костен е исклучително хранлив и со право уште се нарекува и “плод на боговите”.
Содржи мало количество на масти, а главна состојка е скробот поради што од костенот се прави и брашно. Плодот на костенот содржи витамин Ц, а покрај него во плодот ќе ги најдете и витамините Б1, Б2 и Б6 како и фолната киселина.
Костенот ги пленел луѓето уште од древните времиња. Многу римски писатели и филозофи пишувале за костенот како Плиниј постариот, Вергилиј и Овидиј, а костенот можете да го најдете и во делата на старите грци како Хомер, Ксенофан и Хипокрит. Плодовите на питомиот костен ја чистат крвта и го зајакнуваат имунитетот. Тешко се варат во организмот, но затоа пак даваат многу енергија. Поради нивната хранливост, старите народи ги користеле за општо подобрување на здравствената состојба на организмот.
Познато е дека Цезар ги палел шумите со костени во териториите кои ги освојувал за да го уништи овој извор на храна на домашното население.
Колку плодот на костенот бил хранлив, знаеле и Французите кои во средниот век, на сиромашните луѓе им го делеле за време на празникот Свети Мартин.
Костенот може да се јаде варен, печен или во форма на пире. Печени костени се продавале на улиците во Рим уште во 16 век.
Денес во Македонија и на Балканот можете во есен да го почуствувате специфичниот мирис на печен костен на градските плоштади.
Во Тоскана, традиционално костени се јадат на Денот на Свети Симон.
Брашно од костен се користи во многу тоскански рецепти како додаток на палента, благиот леб, бисквити, колачи, супи па дури и како додаток во подготовката на сладолед. Американците традиционално на Денот на благодарноста, мисирките ги полнат со пире од костен.
За време на Отоманската Империја познат е лебот направен со брашно од костен и брашно од бадем.Го јаделе само богатите и само за големите празници.
Костенот кај нас го има од Беласица до Шар Планина но и во Дебар па до Маврово и цело Поречие.
Донесен е и типизиран од Неготин Краина после првата светска војна.
Се работи за мелез стари сорти на Балкански и Француски костени.
Садниците се правени заедно со експерти од Србија,Хрватска и Франција.
Денес костенот во Македонија може да биде многу голем извор на приход во пределите со над 250 метри надморска висина па до 1100 метри надморска висина.
Нај ниската препорачана надморска висина за костенот е 250 метри ,а некои типови се добри да се одгледуваат и до 1100 метри надморска висина.
Овој дијапазон на издржливост на разни надморски висини е нај изразен кај сортата Волиотика или типот Пелион.
Развиван во Грција низа години е опробан од Пелион до Македонија и е исклучително добар.Посебно се добри нај новите негови клонови ,како клонот 8.
Плодот е средно до голем ,двоен во ,а ретко и троен во една боцкава чаура.
За разлика од некои други врсти ,отпорен е на студена клима до -28 степени.
Цвета релативно доцна за да ги избегне доцните зимски и раните пролетни мразови.
Се сади секогаш во пар и многу малку се крои.
Број на садници по површина
Системот на садење на големи плантажи е –
7 по 7 метри (20 садници на декар)
10 по 10 мети (10 садници на декар)
12 по 12 метри (7 до 8 садници на декар)
Се сади од почеток на ноември па до крајот на март.
Заради ГАП не се дозволува ѓубрење со шталско ѓубриво помеѓу 15 октомври и 15 март.
Обично се ора до 30 цм пред садењето ,а е добро да се дезинфицира цела површина.
Дупките можат во зависност од квалитетот на земјата да бидат ископани рачно,со рачен сврдел или со тракторски сврдел.
Се сади 2-3 цм од висината,а пониско нивото на садниците кои биле закопани во земја.
Обично садниците се високи повеќе од 2 метри.Се сечат и се сечи 1/3 дел од коренот ,посебно сувите и не употребливите изданоци на коренот.
Садниците можат да се сечат до 80 цм висина да би растението направило корен.
При садењето се ставаат ѓубрива за развој на кореновиот сиситем.
Количината на вода при садењето е мала.Обично се тура толку вода колку би ја направиле хомогена земјата и истиснале воздухот.
Препорачано е 5 литри до 10 литри вода доколку се сади во ноември и декември.
Замјата треба добро да се изгази неколку пати кога се враќа во садникот.
При тоа да се тура вода и течни ѓубрива по спецификација.
Костенот не поднесува прекумерна доза на калциум но затоа многу добро прифаќа азот и фосфор.
Покрај важноста на земјата треба да се внимава при употреба на шталски ѓубрива и уреа доколку отколонот на земјата поминува 10%.
Се сади во почви кои не држат вода на површина и почви кои се подлабоки заради тоа што костенот има голем корен.
Костенот како дрво се развива многу брзо.Многу по брзо на пример од лешникот.Втората година после садењето почнува да раѓа плодови.
Дури е млад на пролет е потребна вода до септември.Обично костените се наводнуваат 3-4 години дури не изградат коренов сиситем.
Потоа се ѓубри за подобар род .Се прихранува преку системот капка нај често на големите плантажи.
Од искуствата до денес кај типот Волиотика не е познато кога треба да биде пораснат.Се смета дека треба да е зрел на 60 години.
Насадите во Грција,Бугарија,Србија и Хрватска веќе имаат во 6 и 7 година по околу 30 килограми на едно дрво.
Во Грција по старите клонови веќе имаат преку 200 килограми род.
Кај нас во Македонија постои плантажа со Волиотика на првите постари клонови 2 и 3 од 12 хектари и 6 хектари.
Доколку се верува на одгледувачите нивните стебла од одамна веќе постигнале 150 килограми на стебло.
Од сајтот на Агроплод Ресен типот Волос* и Морониа очекуваат род од 12 хектари 250 тони на костен.
*Волос (Пелион) е по стара сорта на Волиотика и не е толку совршена колку клонот 8 на Волиотика кои го продаваме во нашата Земјоделска Задруга.
Морониа обично оди како опрашувач на големи плантажи на Волиотика.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро училница , а доколку продавате,купувате нешто или сакате да прочитате повеќе информации за Земјоделието посетете ги Земјоделските групи на Facebook и Viber.