Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

More
    домаАгро ВестиБуре вино продадено на аукција за повеќе од 150 000 евра!

    Буре вино продадено на аукција за повеќе од 150 000 евра!

    Буре вино од 288 литри од фарма во Бургундија беше продадено на аукцијата за вртоглава сума пари. Ни помалку ни повеќе туку цели 150 000 евра

    буре вино
    Винарска визба

    Буре вино од 228 литри, единственото произведено на имот во француска Бургундија, никогаш досега не било достапно за јавноста.

    Се работи за многу мало лозје од сортата Пино ноар, кое опфаќа само 0,046 хектари, во срцето на Бургундија.

    Инаку, црвеното вино Chambolle-Musigny се смета за најинтересно од оваа микро област. Неговото богато буке, кое содржи нота на темјанушки, јагоди и малини , бара софистицирани јадења со полни и слоевити вкусови.

    Фуриер нормално го флашира во шишиња магнум од 1,5 литри, но новиот сопственик ќе може сам да го одреди форматот на полнење, според деловниот бизнис.

    На аукцијата заработија и другите производители

    Бурето беше продадено како дел од аукцијата за фино вино, а купувачите беа од Њујорк, Лондон, Париз и Таипеи.

    Покрај ова, беа продадени и многу други пијалоци. Така, вкупно 1.298 лотови заработија 2,3 милиони фунти, а многумина ги надминаа веќе високите проценки.

    Исто така две буриња јапонски виски „Каруизава Перл Гејша Шери“ за 34.720 фунти, шест шишиња вино „Ла Романе“ 2009 година за 27.280 фунти и уште шест вина „Кортон Карло Велики“ од 2014 година, продаден за 22.230 фунти.

    Аукциите се одржуваат на интернет, а според Кристи Ериксон, европскиот менаџер на оваа аукциска куќа, Ковид-19 не им пречи во продажбата.

    Европската сезона на продажба имаше огромен успех и е една од најуспешните години до сега.

    Фасцинантна е само помислата на нешто што може човек (не секој), да го вкуси и во моментот да се присетиш дека таа голтка во устата вреди илјадници евра.

    Има ли во Македонија вино кое се носи со овие мега брендови? Би сакале да го слушнеме вашето размислување. Можете да го сторите тоа во коментари на социјалните мрежи Facebook и Viber. За повеќе корисни информации посетете ја рубриката Агро вести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img