Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 1, 2022

More
    домаАгро ВестиРусија воведува царина од 30% на извозот на соја

    Русија воведува царина од 30% на извозот на соја

    Русија воведува царина од 30% и го зголемува извозот на соја оваа година и може да ги зголеми испораките за 70% на годишно ниво на повеќе од 1,5 милиони тони.

    Русија воведува царина

    Русија воведува царина за извоз на соја од 30%, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на весникот „Интерфакс“ и нивниот неименуван извор. Тарифата, ќе стапи на сила на 1 февруари и ќе трае до 30 јуни. Тие исто така работат на спречување на порастот на цените на храната (леб, брашно, шеќер и сончогледово масло).

    Извозот расте за 70%

    Исто така, нивната влада предложи данок од 25 евра за тон пченица од 15 февруари до 30 јуни следната година. Покрај тоа, потпишаа договор со производителите на сончогледово масло и шеќер за стабилизирање на цените.

    Кога станува збор за соја, Русија го зголемува извозот на маслодајната култура оваа година и може да се зголеми за 70% на годишно ниво. Кина и Белорусија се нивните главни извозни дестинации.

    Русија воведува царина

    Два милиони тони соја од нелегално земјиште добиено со уништување на природата.

    Во исто време, има значителни промени на глобалниот пазар на соја. Заради потранспарентна трговија, некои компании за храна, повеќе не сакаат да користат соја одгледувана во области каде што се уништени шумите. Меѓу нив се Теско, Валмарт, Унилевер и Мекдоналдс, кои ги повикаа големите дистрибутери да престанат да тргуваат со оваа маслодајна култура поврзана со сеча на шумите во бразилскиот Серад, кој е витално сладиште за јаглен.

    Потписниците на изјавата за поддршка, на која се придружија уште 163 други компании, во ноември испратија писмо до Archer Daniels Midland Co, Bunge Ltd, Louis Dreyfus Company, Cargill Inc, COFCO International i Glencoreu да го запрат извозот на соја од областа Серада по 2020 година. Досега не добиле одговор.

    Патем, Бразил е најголем извозник на соја, а околу 60% се произведува во споменатиот регион. Природната вегетација во тој дел од земјата игра клучна улога во складирањето на јаглерод диоксид. Горењето фосилни горива и уништувањето на шумите ги зголемува емисиите на јаглерод. Со тоа ја загрева климата и придонесува за зголемување на нивото на морето. Покрај тоа, таа претставува закана и за дивите животни и за растенијата.

    Сопствениците на земјиште во Церад се заштитени со закон и можат да искоренат до 80% од автохтоната вегетација. За потсетување, 2 милиони тони соја произведена на нелегално собрано земјиште пристигнуваат во земјите на ЕУ секоја година.

    Мoжеби ќе ве интересира: Мешале соја со плева и песок со цел да ги испратат на европскиот пазар.

    За најнови информации од областа на земјоделието посетете ја рубриката Агро вести, како и социјалните мрежи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img