Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

More
    домасите8 овошја кои содржат мала количина шеќер

    8 овошја кои содржат мала количина шеќер

    petel baner

    Дали сте за нешто слатко? Овие 8 скапоцености за органско производство ќе ви го подобрат вашето здравјето, а содржат мала количина шеќер.

    Овошјето содржи витамини, минерали и антиоксиданси. Тие му помагаат на телото да се хидрира и да обезбеди доволна количина јаглехидрати кои можат да го задоволат гладот. Доколку сакате мала количина шеќер, ви препорачуваме неколку намирници што можете да ги конзумирате без проблем.

    Otkup na kompiri

    Јагоди

    Јагодите се секогаш одличен избор кога станува збор за овошје кое содржи малку шеќер. Чаша јагоди содржи околу 7 грама шеќер и малку повеќе од препорачаната дневна количина на витамин Ц.

    мала количина шеќер
    Јагоди

    Грејпфрут

    Најдобар начин да ја контролирате количината на шеќер што ја внесувате е преку контрола на порцијата. Грејпфрутот е одлично решение доколку сакате да го намалите внесот на шеќер. Доволно е да се јаде само половина од ова овошје, кое содржи околу 8 грама шеќер.

    мала количина шеќер
    Грејпфрут

    Малини

    Малините содржат многу малку шеќер, иако делуваат како многу слатко овошје. Една чаша малини содржи само 5 грама шеќер и 8 грама јаглени хидрати, ќе ве одржи сити подолго време.

    мала количина шеќер
    Малини

    Авокадо

    Можеби не е на врвот на вашата листа кога одите на шопинг, но оваа храна содржи само еден грам шеќер. Покрај тоа што нема голема количина шеќер, содржи корисни растителни масти и јаглехидрати.

    agrounik
    мала количина шеќер
    Авокадо

    Јаболка

    Ако се грижите за тоа како овошјето влијае на шеќерот во крвта, променете го начинот на кој јадете овошје. Додека едно цело јаболко содржи 19 грама шеќер, една чаша незасладен сок од јаболко има 24 грама шеќер.

    мала количина шеќер
    Јаболка

    Праски

    Кога копнеете по слатки, поздраво решение за вас се праските. Ова сочно овошје содржи околу 13 грама шеќер.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    мала количина шеќер
    Праски

    Капини

    Капините спаѓаат во категоријата овошје со многу хранливи вредности. Една чаша капини содржи 7 грама шеќер, 8 грама расителни влакна и два грама протеини.

    капини
    Капини

    Портокали

    Како и кај јаболката, поздраво е да го јадете плодот отколку да го пиете неговиот сок. Еден портокал содржи околу 12 грама шеќер и повеќе од препорачаната количина на витамин Ц.

    портокали
    Портокал

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img