Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаситеНЕМА ПАРИ ЗА СЕЛАТА ? ГРАДОВИТЕ ЗЕМААТ СЕ?

    НЕМА ПАРИ ЗА СЕЛАТА ? ГРАДОВИТЕ ЗЕМААТ СЕ?

    petel baner

    нема пари за селата
    нема пари за селата

    Нема пари за селата од прераспределба на парите од концесионерот ТАВ?

    Овие пари беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ целата држава. 

    Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 ГРАДОВИ.

    АЈДЕ МАЈКАТА А НЕМА ПАРИ ЗА СЕЛАТА

    Ако се знае дека половина од населението живее во Руралните средини зашто тогаш и прераспределбата на средствата не биде на половина, колку за градовите толку и за СЕЛАТА.

    Еве каква е распределбата на овие средства во општините во Македонија

    За Општина Битола издвоени се нешто над 50 милиони денари за еден проект, Проектна документација за водовод и канализација за АРМ за две улици, станбена улица 9 и станбена улица 11.

    За Општина Прилеп издвоени се околу 46 милиони денари за два проекта. Едниот е Основен проект за водоснабдување на манастирскиот комплекс Трескавец во висина од 5,5 милиони денари, а другиот Основен проект за реконструкција на главен довод на  Пашовски ливади до собирна шахта за град Прилеп во висина од 40,5 милиони денари.

    За Општина Ресен издввоени се 14,2 милиони денари за еден проект, Фекална канализација за населено место Сливница.

    За Општина демир Хисар издвоени се 3,6 милиони денари за Изградба на улица во село Сопотница.

    За Општина Могила издвоени се 28,3 милиони денари за Изградба на главен доводен цевковод за водоснабдување на селата Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Свето Тодори, Трновци, Вашарејца и Лознани.

    За Општина Крушево издвоени се 16,2 милиони денари за Основен проект Водоводна мрежа за заштитна целина Крушево, чија прва фаза е реализирана, а средствата се наменети за втората фаза.

    За Македонски  Брод издвоени се 8,7 милиони денари за Водоснабдување на викенд населба Здуње. Во листата која ја објави владата, за Општина Новаци нема издвоени пари.

    За Општина Кичево издвоени се над милион евра односно 73,3 милиони денари за 4 проекти. Токму Општина Кичево е  една од општините која ќе добие над милион евра. Другите општини кои ќе добијат над 1 милион евра и повеќе се Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Струга  за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните, велат од владата.

    „Градот Скопје ќе има на располагање над 6 милиони евра за два проекти: Клучката Момин Поток и мостот Карпош. Во Тетово со вкупно 1,1 милион евра ќе се реконструира училиштето Кирил Пејчиновиќ и ќе се изгради патот Благоја Тоска. И Кичево со 1,1 милион евра следната година ќе реализира 4 проекти: Реконструкција на Центарот на градот, капела кај православните гробишта, Центар за кучиња скитници и Блок А, Б, В и Котлара. Во Струмица парите ќе бидат насочени за регулација на Порој Св. Илија на потег од базна преграда до слив на река Водочница во Општина Струмица со вкупна проектирана вредност од 1,4 милиони евра. Во ШТИП ќе се гради линија 2 со резервоар Мерите – Општина Штип, во вредност од 1,2 милиони евра. Со 1,1 милион евра ќе се гради атмосферска канализација воопштина Шуто Оризари, и тоа на 4 улици. Во Струга со над 1 милион евра ќе се градат неколку патишта на територијата на оваа општина. Општина Чаир парите од 1 милион евра ќе ги насочи за да се реконструираат дел од  водоводните мрежи како и мрежите за канализација и фекални води“, изјави Муамет Хоџа, портпарол на Владата.

    Арсовски дополни:

    „Според договорот со компанијата ТАВ склучен во 2008година и дополнет со 4 анекси, беше предвидено со 49 милиони евра да се изгради и карго аеродром. Од оваа вредност, 35 милиони се за реализација на инфраструктурните проекти, останатиот дел од средствата ќе се распределат за подобрување на авиосообраќајот во државата. Исто така, во текот на 2022 и 2023 година, планирано е нова терминална зграда во Охрид, која ќе биде во државна сопственост и проширување на капацитетите на Скопскиот аердором со објекти во државна сопственост. Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена, ќе биде уплатена на посебна сметка на Генералниот Секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на фабриката ОХИС“, рече Душко Арсовски, портпарол на Владата.

    Agrobot

    Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.

    Некои Села планирано е да добијат нешто, но сепак треба да се води сметка државните пари да се делат порамномерно помеѓу градот и Селото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доста се развиваа само градовите !!!

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img