Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиТЕШКО НА ТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ КОГА ЌЕ ПОЧНАТ...

    ТЕШКО НА ТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ КОГА ЌЕ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

    petel baner

    Од субвенциите во секторот земјоделие, околу 800 милиони евра, колку што се потрошени изминатите години, нема никаков ефект. Не само што нема, туку ефектот е и негативен. „Виси“ само голиот популизам, желбата на оние кои беа на власт да бидат сакани од земјоделците, земјоделците да гласаат за нив. Се другото низ бројки е негативно.Увезуваме храна се повеќе, извезуваме се помалку.

    Немаме производство.

    Административниот апарат е преголем, службениците си сметаат едни со други, не се квалификувани. Но, најголемото зло е што се намалија обработливите површини. Погубно ќе биде ако продолжи праксата на давање квалитетно земјоделско земјиште и за градење преработувачки капацитети, оценува Киро Докузовски, поранешен министер за земјоделие во чие време беа донесени сите закони од агро секторот (освен оној за семе и саден материјал) и беа формирани повеќето институции, што и денес функционираат.Во обид да направиме паралела како беше порано, а каде сме сега, дали и колку се движиме во вистинската насока, Докузовски за МИА нагласува дека за успешно работење ќе може да се зборува тогаш кога без пари ќе се постигне нешто.– Секој министер кога дава отчет треба да каже што и колку направил, но без пари. Не да каже колку пари потрошил за време на својот мандат, туку колку ефекти постигнал. Во мое време, 1997/98 година, без субвенции (со нула премии) имавме 30.000 тони тутун, 160.000 тони репа (сега нема ниту килограм), 25.000 – 30.000 тони сончоглед (сега колку има анализирајте).

    Otkup na kompiri

    Ќе потенцирам, без субвенции имавме посеано над 117.000 хектари пченица, а сега се под 90.000.

    Сакам да кажам, како без пари се постигнуваа ефекти за зголемено производство. Кога ги спомнуваме бројките, 800-те милиони евра субвенции треба да ги поткрепиме со ефекти. Ако се потрошени толку, треба да кажеме и колкав е ефектот од овие пари. Мојата оценка е критична, дека нема никакви ефекти. Дури се и негативни, освен популизмот кон земјоделците. Власта сака да ја сакаат, да гласаат за неа. Се другото низ бројки е негативно, истакнува Докузовски.

    Во однос на земјоделското земјиште, предочува дека колку повисоки биле субвенциите, толку се намалувале обработливите површини.Според Докузовски, ниту еден министер не се охрабрува да крене глас против урбанистите кои го уништија земјоделството во Македонија.-Земете го за анализа кој период сакате. Еве, база нека биде 1997/98 година, кога немаше субвенции. Број еден е: многу пари за субвенции, а намалени оранични површини. Македонија има над 130.000 хектари помалку обработлива површина при вакви големи субвенции. Сите плодни површини се претворија во зони кои зјаат празни или половина се активни што е добро. Место да се гради на трета класа земјиште како што беше во претходниот систем, сега најубавите површини се даваат за градба. Се се опустошува, а никој не води грижа. Видете го Полог, каков беше, каков е сега. Секое метро се гради, посочува поранешниот прв човек на секторот.Продолжува, вели, тенденцијата – селата да се празнат, нивите да остануваат необработени, а парите се потрошени.

    Прашањето е: каде одат парите?

    Би рекол, поддршката на органското производство е добра ориентација. За тоа мора да ги пофалиме и претходната и оваа власт. Но, толку и не е битно колку пари се дадени, туку колку е произведено по видови и количини, како и колку органски производи се пласирани дома и извезени надвор со лого?

    Има ли евиденција? Нема. Нема никаков податок на потрошени пари изразени во вредност – количина на органски производи. Повторно ќе речам, добро е да се даваат пари, но мора до крај да се почитуваат прописите, напоменува Докузовски.И овој сегмент, дополнува, го потврдува популизмот на владејачките гарнитури кои постојано велат „даваме“ или „дадовме толку пари“, но никој не го кажува постигнатиот ефект.Докузовски е дециден дека македоското земјоделство не може да се носи со пазарот на ЕУ и тамошната конкурентност.

    Секогаш било добро, но посебно се одлични тенденциите во последните неколку години, и на претходниот и на сегашниот министер, во винарството. Промоциите, винските патишта, форсирањето флаширано вино, освојувањето на пазарите со малку, а квалитетно вино, препознатливо за Македонија. Тоа е добро и треба да продолжи. Не е лоша ни ориентацијата за органското, но спомнав: неопходна е поголема дисциплина, ред, отчетност, вели Докузовски.

    За него е посебно дискутабилно прашањето – колку Македонија коле добиток вкупно, а колку од тоа во кланици.

    Какво месо јадеме.

    Од каде доаѓа месото во кафеаните? Кланиците се 50 отсто затворени, плескавици и кебапи насекаде. Од каде е тоа месо? Го исклучувам празникот „Курбан Бајрам“. Што правиме со другото месо? Од каде потекнува? Увозното месо, смрзнато, треба да заврши во преработувачки капацитети, а не на тезги. Во овој сегмент податоците се фрапантно лоши, укажува поранешниот министер.Во овој контекст, повторно се наврати на ефектите од субвенциите.-Се што е поврзано со храна, од производство до потрошувачка, покажува раст на дефицитот. Увезуваме храна се повеќе, извезуваме се помалку. Немаме производство, се е популизам, истакнува Докузовски.Тешко на тој, вели, што ќе биде министер за земјоделство кога ќе почне преговарачкиот процес.

    Европа не сака да увезува проблеми, а нашиве како што се разгалени, без отчет, без ништо, само земаат пари и се фалат. Кога ќе почне преговарачкиот процес, ќе им речат на министерот и неговиот тим:

    Досега дававте субвенции за се и сешто.

    И по површина и по килограм.

    И за забранети производи.

    Што ќе правите сега?

    Ќе ги прашаат, колку имате земјоделци со една крава, со две крави, со 10, 50 крави?

    Ќе ги креваат рамениците.

    Немаме податок. Кога ќе се подготвите, дојдете, ќе преговараме. Потоа следува второ прашање. Ако 90 отсто од земјоделците не можат да добијат пари за кравите, што ќе правите со малите фармери? Пак немате решение? Вратете се со предлог. Што правите со ситните парцели?, објаснува Докузовски.Во однос на задругите, негов став е дека целосно треба да се форсира и копира моделот на ЕУ што всушност подразбира организации на производителите. Земјоделците, напоменува, мора да ги исполнуваат обврските што ги договараат. Тие мора да научат дека и ЕУ дава, но бара исполнување на обврските.-Каде е проблемот кај нас? Кога ќе ги напишете прописите, што треба еден земјоделец да исполни како обврска кон задругата. И за ова државата даваше пари, но треба да ги оспособи и научи земјоделците, дека дава пари, но тие треба да исполнат услови, а не, на секоја телевизија кога ќе пуштите, тие бараат поддршка за праските, за сливите. Не родиле, министерот да даде пари. Ќе се побунат, и оп, веднаш ќе им дадат пари. Кога сте слушнале некој министер да каже „не“? Проблемот е двостран, и во политиките, но и во свеста на земјдоелците, подвлекува нашиот соговорник.Потешко и посложено е, според него, носењето пропратни прописи. Затоа Македонија се ориентира на субвенции. Тоа е најлесно.-Треба да ги поттикнуваме малите производства, малите капацитети, дополнителните дејности, што, секако, треба да се толкави за да не ја надминат основната дејност, а за тоа, пак, треба да се знае кој е просечниот, а кој минималниот доход на нашиот земјоделец. Тому тие мали прописи нема кој да ги пишува. Административниот апарат е преголем, служебниците си сметаат едни со други, не се квалификувани, оценува Докузовски.За генерално подобрување на ситуацијата, елементарно е, порачува Докузовски, строго да се почитуваат донесените закони. Мора да има и ист аршин за сите, а не едни да бидат привлегирани (врзаните со власта), други не.

    Македонија мора да ги изготви и донесе потребните прописи, но и да ги оспособи земјоделците да ги разберат и следат прописите. Пазарите за секој вид производ мора да се уредат. Треба да се подигнат нови видови овошни насади. Градинарството и лозарството имаат добри тенденции. Во сточарството е добро јагнето да се поддржува, да се заштити како бренд. Со житарките немаме големи шанси поради лошата структура на почвите. Секое давање субвенции, го пасивизира производството.-Неопходни се сериозни, болни резови. Посебно во јавните претпријатија. Потребен е поголем надзор. Да се санкционираат секакви неправилности или недомаќинско работење.

    agrounik

    Треба да се намали и администрацијата.

    Да се рационализира. Вработеноста е преголема посебно во ЈП „Македонски шуми“, во ЈП „Пасишта“. Многу треба да се внимава со државното земјиште. Не смее да остане ништо необработено, но лош е концептот ако, како сега, се нудат површините и за преработувачки капацитети. Практично, ќе се повтори грешката на претходната власт – на убавите ниви ќе никнат градежни објекти, предупредува Докузовски и уште еднаш укажува дека според него, најлоша е примената на прописите во делот на храната.По струка агроекономист, Киро Докузовски заокружува 20 години откако беше прв човек на секторот земјоделство. Министеруваше во Владата на Бранко Црвенковски, но никогаш не престана да ја следи и скенира состојбата. Во фелата е уште познат и како „првиот министер што ја допре земјата“ или како „министер – девет и пол закони“.-Сите закони ги донесов, но не и оној за семе и саден материјал. Го изготвив, но, не го донесов. Оттука и прекарот „девет и пол закони“. И веднаш да кажам. Во времето додека јас бев министер во Владата на Црвенковски, време кое најмногу се експлоатира, немаше никаква приватизација во земјоделството и не смееше да има зашто немаше закон за определување сопственост на земјиштето (државно, приватно, индивидуално). Приватизацијата на земјоделскиот сектор, односно пустошот, настана од 1999 година наваму. Кој беше тогаш министер, Вие знаете. Ќе ги спомнам само „Скопската млекарница“, „Трубарево“, „Белимбегово“, „Црвена ѕвезда“,… сите комбинати тогаш пропаднаа. Малку останаа до денес. Тоа е голема катастрофа, а се припишува на Црвенковски што тврдам, не е точно. Горд сум што сум бил министер и што сум соработувал со Бранко Црвенковски, раскажува Докузовски.

    Киро Докузовски беше и помошник министер за земјоделство од 1974 – 1982 година, како и градоначалник на Ѓорче Петров, Сарај и на сегашниот Карпош кои во периодот 1982 – 1986 година беа една општина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Мирјана Чакарова МИА

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img