Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаАгро советиМАШТЕНИЦА - СУРУТКА - ЗДРАВЈЕ

    МАШТЕНИЦА – СУРУТКА – ЗДРАВЈЕ

    petel baner

    Маштеница, матеница, сурутка,… Оваа „волшебна” течност е вистинска скапоценост во нашата кујна.

    маштеница

    Целата приказна за маштеницата оди дотаму што се употребува за подготовка на вкусни освежителни напитоци во комбинација со овошје; наместо вода за приготвување печива и варива (но не заборавајте – не треба да е солено).

    Otkup na kompiri

    Посолената матеница се користи за маринирање на месо (не сте виделе помеко месо од она кое стоело преку ноќ во оваа течност).

    Направете зимница од овошје и зеленчук со помош на матеница наместо индустриската есенција.

    Оние кои имаат бавчи ја користат како спреј против пепелница, а при полевање на растенијата (особено кај домати или малини кои сакаат покисела почва) добиваш здрави растенија со прекрасни здрави листови.

    Ако чувате коковчиња додатете им од течноста во храната – како богат додаток на протеини!

    младо сирење

    Оние пак, кои работат на сопственото тело преку бодибилдинг велат матеницата (сурутка) е највисок хранителен извор на протеини.

    Што е всушност МАШТЕНИЦА (СУРУТКА)

    Млекото содржи два типа на протеини во себе: казеин и сурутка. Казеинот по процесот на создавањето на сирење оди во сирењето, а сурутката завршува во течноста.

    Полна е со здрави материи – витамини (особено B2), добри бактерии и ензими кои ги чистат и смируваат цревата. Во еден литар сурутка има само 360 калории. Сурутката според хемиските анализи е утврдено дека има 16 типови на протеини, 8 минерали, 7 витамини, до 23 амино киселени и до 11 ензими. Сурутката содржи многу минерали, неопходни за нашиот организам и тоа првенствено калиум калциум, бакар, железо, цинк, кобалт, манган и фосфати. Овие минерали се важни, бидејќи тие ги интегрираат метаболичките процеси и придонесуваат за поквалитетен тонус на ќелиите.

    Правилното одвивање на овој процес, значително го намалува ризикот од мозочен удар, од висок крвен притисок. Го подобрува имунитетот, ги регулира штетниот холестерол и цревната флора, го регенерира црниот дроб, ја спречува остеопорозата и го намалува забниот камен.
     

    Од шеќерите во сурутката има најголем процент на лактоза, која е особено важна во исхраната на децата. Сепак, протеините се најважната состојка на сурутката. Составено претежно од есенцијални амино киселини, учествуваат во создавање на мускулна маса, но не создаваат масни наслаги и не дебелеат. Токму поради ова сурутката се смета за еден од најдобрите енергетски извори и се препорачува на спортисти, деца,стари лица, трудници, доилки.

    Татковците на медицината Хипократ и Гален ја нарекувале „Лековита вода” и ја препорачувале за редовна употреба.

    Постојат многу начини да добиете сурутка во домашни услови (од кефир, павлака – буквално од било кој ферментиран производ).

    МЛАДО СИРЕЊЕ

    За да добиете матеница, препорачуваме да направите младо сирење.

    младо сирење

    Ем младо сиренце за децата, ем маштеница за готвење или пиење. Не верувам дека некогаш сте пробале вакво сирење, бидејќи е најубаво за јадење првите три дена откако ќе се направи, а млекарите го подготвуваат за свои потреби од практични причини – додека да дојде до фрижидерот во продавница веќе не е истото.

    agrounik

    Всушност, толку е вкусно и здраво што нема ни да ви потрае три дена. Ќе се борите самите со себе да не го изедете уште првиот ден. 

    БУТИН алатка која веќе ретко кој ја има

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Бутин


    Тесен, долгнавест, дрвен сад за матење матеница,јогурт.
    Од млекото се добива кисело млеко, a со додавање на пресно “благо” млеко и со матење во бутин се добива матеница – јогурт.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img