Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаАгро советиЦиронка - сушена риба - Стење

    Циронка – сушена риба – Стење

    petel baner

    Сува како циронка.

    Вака вели една наша изрека, опишувајќи слаб човек.

    Otkup na kompiri
    Огрлица од циронка – Село Стење

    Но малкумина знаат дека циронката всушност име на вкусно јадење карактеристично за Преспанскиот регион и ова вкусно јадење нам ни го приготвија во селото Стење.

    Циронката се подготвува од рибата белвица, но само од свежа риба.

    СОЛЕЊЕ НА РИБАТА

    1. Значи, кога ќе се донесат рибите од езерото, веднаш почнува нивната подготовка. Откако добро ќе се измијат, се солат со многу сол, онака да побелат од солта.
       
    2. Така побелени се оставаат во еден сад, да постојат шест до седум дена. Во садот не се става ништо друго (рибата сама ќе си пушти вода), освен можеби коприва. Имено, садот во кој се наредени рибите не смее да остане без течност, а од друга страна, „не оди и некоја мува да ги расипе“. Затоа старите наши ставале коприва и ги покривале.
       
    3. По една недела, белвицата се вади и се ниже со игла и конец исто како и пиперки. Нижењето секогаш оди откај главата. Се оставаат на сонце неколку дена, а самите тие ќе кажат колку им треба (треба да бидат тврди). Потоа се собираат во сад и онака сушени, цела зима може да се користат.
       

    КАКО СЕ ПРИГОТВУВААТ?

    1. Циронките убаво се потпекуваат (на рингла) од двете страни.
       
    2. Потоа, онака потпечени се ставаат во жешка вода да се отсолат и притоа водата се менува најмалку двапати.
      Мора да излезе солта, бидејќи нема да може да се јадат, пресолени се.
       
    3. Потоа се редат во „панче“, се става малку нане, пипер, буковка и по желба масло и оцет. (Некои ставаат и лук).
       
    4. Се остава течноста да се впие во нив, а потоа се меки и „родени“ за мезе. И секако, се јадат со макало.
       

    И не заборавајте: Рибата е белвица, а сувата риба е циронка.

    Потребни состојки:

    15-16 солени и сушени белвици

    Нане, црвен пипер, буковка

    agrounik

    Масло

    Оцет

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    2 чешниња лук

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img