Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ВестиПчеларство - матици - Македонија

    Пчеларство – матици – Македонија

    petel baner

    Пчеларство во Македонија можеби е единствената гранка во која младите сакаат да вложат и да се занимаваат.

    Со пчеларство и пчеларење се обидуваат да дојдат до дополнителни приходи.

    Во изминатиот период од седумдесетина години кај медоносните пчели (Apis mellifera L.) во Република Македонија не е забележан идентичен тренд на увоз и одгледување генотипови од попродуктивни популации, карактеристичен речиси за другите домашни животни.

    Пчеларка Јелица Лазареска од Село Дренок

    Во втората половина на минатиот век имало тенденција за увоз и одгледување матици од словенската популација на медоносни пчели. Овој процес бил потпомогнат и со одличната репутација на матиците кои потекнувале од словенската т.е. крањската медоносна пчела (Apis mellifera carnica).

    Дополнително генетско влијание врз медоносните пчели од Република Македонија постоело и како последица на практикувањето на селидбено пчеларење кај дел од македонските одгледувачи на пчели.

    Така, дел од пчелните семејства во Република Македонија секоја година биле транспортирани во одредени региони во тогашна Југославија (Србија и Хрватска) кои се карактеризирале со изразена медоносна паша.

    Во последниве 2 децении селидбеното пчеларење е ограничено само на територијата на Република Македонија. Користењето на матици од неавтохтони популации на медоносни пчели е инцидентно и генерално се однесува на генотипови од претходно наведената крањска и од италијанската медоносна пчела (Apis mellifera ligustica).

    Еден од најскапите пчелни производи е пчелниот отров.

    Apis mellifera macedonica

    Во 1988 година, врз основа на морфолошки и етолошки истражувања на медоносните пчели на Балканскиот Полуостров популацијата во Република Македонија и дел од соседните држави е именувана како македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica).

    Неодамна, овие резултати се потврдени со помош на детални компаративни молекуларни морформетриски и етолошки истражувања на голем број примероци при што заклучено е дека популацијата на македонската медоносна пчела се распростира на територијата на северна Грција, источна Албанија и териториите на Република Македонија и Бугарија. На север, во јужна Србија, оваа популација се гранични со популацијата на крањската медоносна пчела.

    Исто така идентификувана е специфична способност за адаптација на македонската медоносна пчела во летни услови со високи температури и мало количество врнежи.

    Спротивно, при лошите зимски услови кога пчелите подолг период не биле во можност да излетаат, а што не е типична климатска одлика на регионот, оваа популација манифестирала сензибилност спрема Nosema spp.

    Agrobot

    Имајќи го предвид фактот дека медоносните пчели за разлика од другите видови на домашни животни се најтесно поврзани со животната средина, очекувано е дека и при минимална промена на климатските услови последиците за овој вид ќе бидат исклучително негативни.

    Автохтона популација на медоносни пчели во Република Македонија претставува одлична почетна точка за спроведување мерки за заштита и селекција за нејзино подобрување со што значително ќе се намали интересот и мотивираноста за увоз на матици од други подвидови и популации.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од друга страна, експертската јавност, препорачува одгледување и пропагирање на автохтоните и локални популации на медоносни пчели како супериорни генотипови во однос на најголемиот број економски важни карактеристики28.

    Поради ваквите перформанси на локалните популации очекувано е дека истите ќе претставуваат најдобро можно решение за адаптација на промената и појавата на екстремни и неповолни климатски услови.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img