Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаситеКако и зошто пчелите користат прополис?

    Како и зошто пчелите користат прополис?

    petel baner

    Прополис или пчелин лепак е смолеста материја, со пријатен мирис на есенцијални масла, кои пчелите ги прават од производи од растителни пупки. 

    Прополисот, покрај тоа што е исклучително здрав и широко се користи во медицината, постигнува и одлична цена на пазарот. Затоа е еден од најважните пчелни производи собиран од многу пчелари.

    пчелите користат прополис

    Зошто пчелите користат прополис?

    Покрај тоа што имаат антибиотско дејство, интересно е што бактериите не можат да станат отпорни на него.

    Во кошниците, пчелите го користат за лепење на шуплини, подмачкување на внатрешните sидови на кошницата, полирање на нерамнините и зајакнување на делови од кошницата , кои биле оштетени од несакани гости, како глувци и разни инсекти.

    Прополисот има бактерицидни својства и затоа пчелите користат прополис за дезинфекција на кошниците пред да снесат јајца во нив. Ова го штити леглото од патогени микроорганизми.

    Agrobot

    Откриено е дека пукнатините од 0,1 до 3,5 мм пчелите ги затворат исклучиво со прополис, а ширините од 3,5 до 10 мм, по правило, со восок, а понекогаш и со двете. Тестовите покажаа дека мрежите за собирање на прополис треба да имаат отвори со ширина помала од 4 mm во дијаметар, а тоа е оптимална ширина што пчелите ја исполнуваат со прополис.

    Количина прополис која може да ја произведат

    Без да и наштетиме на пчелната колонија, од неа можеме годишно да собереме до 80 гр потрошувачки прополис . Сепак, со користење на процедури за поттикнување на производството на прополис, може да се зголеми тој износ до 2 кг. Ова може да се постигне со зголемување на вентилацијата на гнездото, со изработка на специјални ребрести, решетки или скалини додатоци за собирање прополис.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Најголемите количини на прополис ги собираат пчелите во втората половина на јули и првата половина на август. Поточно, за време на периодот на подготовка на пчелите за презимување . На 60 дена пред почетокот на првите мразови, собирањето прополис треба да се запре. Гнездата не треба да останат без прополис во текот на зимата.

    Неколку совети за употреба на прополис

    Можете да истриете капки од прополис на градите за да смирите кашлица. Со мед или чај од камилица, овие капки ги чистат дишните патишата. Можете да ги користите со внесување капки прополис во вода што врие , или чај, и да инхалирате. Исто така, можете да ставите суров прополис во тегла мед, тоа ќе ги  зголеми лековитите својства на медот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img