Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиРасад на домати во Јануари

    Расад на домати во Јануари

    petel baner

    Расад на домати се почнува во првата половина на Јануари. За Земјоделците зимата не е период на одмор. Раноградинарите имаат полни раце работа. На големо се подговува новиот расад за новата Земјоделска реколта.

    Еве како да произведете квалитетен расад

    расад на домати
    расад на домати

    Доматот е едно од нашите најзначајни зеленчукови растенија кое се одгледува во пластеници без греење. Ако сакаме бербата да почне во мај, што е реално за нашите услови, тогаш би требало добро да се испланира моментот на садење.

    Otkup na kompiri

    Тоа се одредува со собирање на деновите на деновите од секоја фаза на развојот на расадот. Од садењето до расадувањето на 7 до 9 листови поминуваат 50-60 дена. Овој краток временски период важи за расад произведен без пикирање односно во контејнери или сакции.

    Зависно од температурата садењето обично се врши кон крајот на Март, а од расадувањето до цветањето поминуваат уште 10 тина дена.

    Од цветањето до првата берба поминуваат уште 40 до 50 дена во зависност од сортата на хибридот и температурата, така да бербата ќе започне во првата декада од Мај.

    Значи од садењето до првата берба потребно е да поминат 120 дена така што првото садење на расад на домати треба да биде во првата половина на Јануари.

    Во зимското производство на расад на домати најважно е да се обезбеди доволно тооплина. Семето никнува за 5 до 6 дена. Температурата би требало да биде од 20 до 22 степена.

    Со појавата на котиледони (семени ливчиња) температурата треба да се намали на 15 до 16 степени во рок од 5 до 6 дена, за да не дојде до издолжување и паѓање-свиткување на расадот.

    Во тоа време многу е важно да се намали релативната влажност на воздухот со проветрување. Исто така би требало да се изврши засушување на супстратот со намалување на полевањето.

    agrounik

    Младите растенија треба да се заштитат од земјените патогени со некој фунгицид. После тоа температурата треба да се одржува на 20 степени до пресадување. Бидејќи често во овој период имаме облачни денови и недостаток на светлина, потребно е дополнително осветлување.

    Кога билката ќе достигне фаза 4 до 6 листови започнува пресадување на расадот. Тоа се постигнува со постпено намалување на температурата и со прскање со водорастворливи ѓубриња со нагласена содржина на калиум.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    раноградинарство
    расад на домати

    Сликите ги преземавме од наш член од Земјоделската група.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img