Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиМали кредити многу помагаат

    Мали кредити многу помагаат

    petel baner

    Мали кредити земени од право место многу помагаат.

    Во последно време се појавија многу финансиски друштва кои што нудат брзи кредити и кои граѓаните масовно почнаа да ги земаат и да се задолжуваат.

    Оваа појава е како резултат на тоа што банките заборавија на голем дел од населението кои што не успеваа од никаде да стигнат до финансии кои им беа потребни за да инвестираат во своите домаќинства.

    На потребата од граѓаните за мали кредити или агро заеми, мали заеми за домување и мали бизнис заеми веќе 20 години во пресрет им излегуваат малите финансиски институции кои што за поголемата јавност сеуште се непознаница.

    Станува збор за институции кои што се занимаваат со микрокредитирање.

    Микрокредитна фондација Хоризонти веќе 20 години им помага со финансиски средства и совети на маргинарилизираните граѓани, луѓето во руралните средини и воедно се бори да овозможи одржлив и континуиран пристап до финансиски услуги на економски активното население со ниски примања во Македонија.

    Претежно жени микропретприемачи, припадници на социјално исклучени и маргинализирани групи, жените во руралните средини и се со цел поддршка и развој на малите бизниси, креирање нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење.

    Хоризонти своите услуги ги нуди во три сегменти:

    Агро заеми

    Индивидуални земјоделски производители.

    Agrobot
    НАМЕНА:
    •   набавка на механизација и опрема;
    •   зголемување на сточен фонд;
    •   набавка на суровини и репроматеријали;
    •   други тековни расходи за примарно производство.

    Заеми за домување

    КОРИСНИЦИ:

    Население со сопствено живеалиште и ниски примања.

    НАМЕНА:
    • реконструкција;
    • реновирање и поправки;
    • доградби;
    • други интервенции за подобрување на условите во живеалиштето.
    ШТО ДОБИВАТЕ ОД НАС !
    • Бесплатен градежен совет од стручно лице за правилно искористување на средствата;
    • Препораки за приоритетни интервенции во зависност од фактичката состојба на објектот;
    • Информации околу користење на услугите на партнерската организација ХАБИТАТ – Македонија.

    Заеми за микро Бизниси

    КОРИСНИЦИ:

    Физички лица, сопственици на микро и мали бизниси во областа на трговија, услуги и мало производство.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    НАМЕНА:
    •   набавка  на основни  средства;
    •   обртни средства;
    •   други намени поврзани со бизнисот.
    ШТО ДОБИВАТЕ ОД НАС !
    • Совет за избор на кредитен продукт прилагоден    на потребите и капацитетот на бизнисот;
    •  Брз и едноставен пристап до ликвидни средства;
    • Дополнителни услуги и информации во насока на  унапредување на бизнисот;
    • Дополнително финансирање пред истекот на заемот.

    „Јас сум сигурна дека мојата соработка со Хоризонти ќе продолжи и дека Хоризонти ќе ме следи во моите идни планови – да ја проширам мојата работа и да понудам повеќе производи од тие што ги имам во моментов.“  — Фатима Мемед која веќе соработува со Микрокредитна фондација Хоризонти.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img