Општина Росоман е дел од деветте општини кои го формираат Вардарски плански регион.
Од вкупната територија, односно 13.290 хектари општина Росоман зафаќа површина од 3.406 хектари земјоделско земјиште. Земјоделското обработливо земјиште во општина Росоман е со површина од 3.276 хектари.
Најчесто застапени земјоделски култури во општината се овоштарници со 364 хектари, Лозарство со 944 хектари и Ораници и бавчи со 1.968 хектари.
Карактеристично за сите селски населби во општината е земјоделско-сточарската функција која ја задржале од минатото до денес. Поради миграцијата од селата кон градовите, дел од населбите забележале намалување на бројот на населението, само две се пред целосно раселување, додека неколку од нив го задржале и зголемиле бројот на населението, како што се селата Манастирец и Росоман.
Главен индикатор за ваквите позитивни трендови се промените кои се јавуваат во процесот на аграрно стопанисување, релативно поволната местоположба и плодната почва на земјиштето.
Населени места во општина:
- Росоман
- Сирково
- Манастирец
- Паликура
- Трстеник
- Камен Дол
- Дебриште
- Рибарци
- Крушевица
- Мрзен Ораовец
Поздрав до Земјоделската Екипа од оваа општина.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.