Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

More
    домаАгро ВестиСветското производство на жито ќе руши рекорди

    Светското производство на жито ќе руши рекорди

    petel baner

    Вкупното производство на жито се предвидува да достигне рекордни нивоа до 2026 година. За периодот 2020/21 година се очекува зголемување од 23 милиони тони.

    Вкупното производство на жито се очекува да сруши рекорди во следните пет години, по побарувачката, но оставајќи малку простор за надополнување на залихите, соопшти Меѓународниот совет на житни култури.

    Otkup na kompiri

    Тие предвидуваат дека ова зголемување во периодот 2020/21 година. година да изнесува 23 милиони тони во споредба со претходниот период. Соодветно на тоа, се очекува рекорд од 2,210 милиони тони, како резултат на одличната жетва на пченица и јачмен.

    agrounik

    Иако пандемијата на коронавирус продолжува да ја намалува побарувачката во некои сектори, како што се производство на пиво и биогориво, вкупната потрошувачка се предвидува да порасне петта година по ред на 2,216 милиони тони. Сепак, тие предвидуваат и намалување на резервите на жито во светот на минимум 611 милиони тони. Ова се должи најмногу заради падот на залихите од пченка.

    Сојата забележа најголем раст

    Што се однесува до глобалната трговија со жито, се очекува дека во периодот 2020/21 г. и тоа во јуни и јули ќе достигне рекордни 408 милиони тони, што е за 4 проценти повеќе од минатата година. Светското производство на соја ќе продолжи да расте за 6 проценти повеќе од претходната година. Причината за ова, е зголемената побарувачка  за добиточна храна во Кина, а нејзината глобална потрошувачка се зголемува за 4 проценти на високи 365 милиони тони.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Според нив, оваа земјоделска култура ќе достигне највисоки нивоа во периодот 2025/26 година. а најмногу заради одгледувањето во САД и Бразил. Потрошувачката исто така го достигнува својот максимум, што, ќе остави малку простор за обновување на светските залихи. Покрај тоа, се предвидува раст на трговијата како резултат на поголемите испораки во Азија.

    Според очекувањата, светското производство на ориз ќе расте и поради азиските одгледувачи. Сепак, растот на побарувачката исто така се предвидува како резултат на зголемената популација. Според предвидувањата, глобалните залихи може да продолжат да растат, заради производството во Индија. Исто така, постојат претпоставки дека трговијата ќе се прошири и поголемите испораки ќе бидат насочени кон Африка.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img