Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Friday, December 6, 2024

More
    домаАгро ВестиЧешка со план: Најмалку 55% домашни производи ...

    Чешка со план: Најмалку 55% домашни производи …

    petel baner

    Целта е квотата да биде над 70 проценти домашни производи до 2028 година. Дадени се и казни за кршење на правилата.

    Чешка планира да воведе протекционистички закон кој има за цел да ја заштити домашната храна. Иако е свесна за политиката на Европската унија, односно за можно кршење на слободното движење на стоки во таа заедница.

    Otkup na kompiri

    На 20 јануари, долниот дом на чешкиот парламент усвои амандман на законот за храна. Со него се предвидува продавници поголеми од 400 м2 да продаваат задолжителен минимален број на прехранбени домашни производи произведени во земјата, почнувајќи од 2022 година. Квотата треба да биде 55 проценти следната година со цел постепено да се зголеми за да достигне до 73 проценти во 2028 година. 

    Предвидени се и казни за кршење на правилата. Тие ќе се движат од 50 милиони круни, што е близу 2 милиони евра. Квотите треба да опфаќаат најмногу 15.000 видови прехранбени производи, вклучувајќи месо и зеленчук.

    Целта на оваа политика е да се постигне самодоволност во производството на храна и обезбедување поддршка на локалните производители. Нацртот сега треба да го потпише Сенатот, а потоа и претседателот, Милош Земан .

    Прехрамбен национализам?

    Пред гласањето за амандманот, министерот за земјоделство Мирослав Томан ги повика пратениците да бидат „малку националистички настроени“ кога станува збор за чешката храна.

    agrounik

    Иако ЕК не е подготвена да коментира во толку рана фаза, нејзиниот портпарол изјави : „ Слободното движење на стоки и услуги на внатрешниот пазар е најголем адут во исполнувањето на испораките низ ЕУ и исто така најдобрата алатка за да се обезбеди закрепнување на сите, „додавајќи дека локалните ограничувања на секаков вид се контрапродуктивни.

    Комисијата ќе изврши анализа кога ќе биде усвоен чешкиот закон. Портпаролот открива дека овие мерки можат да создадат привилегирани услови на пазарот за одредени прехранбени производи и со тоа да ги дискриминираат  другите производители на храна во ЕУ и да го попречат слободното движење на стоки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Интересно е што премиерот на Чешка,  Андреј Бабиш, коментираше  за локалните медиуми дека не го иницирал овој предлог и не го поддржувал. „ Сметам дека е бескорисен политички потег што ги крши правилата на внатрешниот пазар на ЕУ “, рече тој. Но, иницијативата беше поднесена од неговата влада и одобрена од замениците на неговата партија.

    Критичарите велат дека ваквиот закон ќе им помогне само на големите прехранбени компании. Меѓу нив и холдингот „Agrofert“, поранешната компанија на Бабиш. Но, портпаролот на компанијата изјави дека нема никаква врска со амандманите. „ Не очекуваме дека новите регулативи ќе ни дадат предност или ќе ја сменат нашата позиција на пазарот“ , заклучи тој.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img