Нов овоштарник – Приготвување на површината за подигање на овоштарник.
По извршениот избор на местото за подигање на нов овоштарник изработениот инвестиционен проект, направената скица-план, пристапуваме кон подготовка на местото и земјиштето.
Подготвителните мерки за садење се состојат во следното: копачење на грмушки и коренилишта, земјиштето се чисти од жили и камења, се израмнува целиот терен. На наклонети и стрмни терени (повеќе од 6° ) потребно е да се изврши укрепување на земјиштето со правење тераси или плоштатки, зависно од наклонот.
Да се одбегне можноста од зарази на коренот на младите садници, предизвикани од габните и бактериски болести, предизвикувачи на гнилеж на жилите, рак на коренот, пожелно е на терените каде се ископачени стари дрвја и грмушки, новиот насад да се посади по 3-4 години.
За тоа време површината треба редовно да се обработува и да се одгледуваат окопни култури (пченка, грав, лупина) и други растенија – смески за зелено ѓубрење.
Месец дена пред заорувањето на овие растенија, треба да се наѓубрат со азотни ѓубрива (150-200 кг/ха), со цел да се добие поголема зелена маса и да се поттикне работата на почвените микроорганизми.
Како преткултури погодни се и легуминозните растенија-луцерката и особено црвената детелина.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.