домаАгро советиПроизводство на расад

Производство на расад

Prokredit baner

Производство на расад – Успешното производство на расад зависи од: супстратот, топлината, воздухот и светлината. Семето и сеидбата бараат оптимална температура, наводнување, воздушна циркулација и соодветна светлина.
Проблеми коишто се јавуваат во текот на седбата и поникнувањето на расадот се:

Превисока или прениска температура. Секогаш треба да се провери процентот на ‘ртливостa на декларацијата на пакувањето. Темпертурата на супстратот при сеидба секогаш треба да биде помеѓу 21 C-26 C.

Семенарна хоризонтален банер

Влага на супстратот. За да почне семето да ‘рти треба да абсорбира влага. Семето набабрува при абсорбирање на вода и му овозможува на ембрионот да расте.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Длабочина на сеење. По правило длабочината на сеидбата зависи од големината на семето односно од неговиот диjаметар и секогаш покривката на семето треба да биде од 0,6 – 1,5cm .

Вода. Потребно е супстратот да има доволно количество на вода и да не биде сув, но да се винимава и да не биде премногу влажен.

Недоволен контакт со супстратот. По завршувањето на сеидбата треба нежно да се притисне супстратот надолу со што ќе се овозможи подобар контакт на семето со супстратот.

Тигар лого гиф

Супстрат. Супстратот треба да има добар водно-воздушен режим и да биде богат со органски материи. Супстратот треба да биде стерилизиран.

Светлина и темнина. Некои семиња бараат светлина за да ‘ртат, а некои пак ‘ртат во темно. ‘Ртењето често зависи од изложеноста на инфра црвените бранови, дури и преку почвената покривка.

Petel.mk

Проблеми при никнување на расадот. Откако семето никнува и почнува да расте почвата треба да се одржува влажна, но не и премногу водена, и да не се дозволи почвата да се засуши, потребно е светлина од 14-16 часа секој ден и добра циркулација на воздухот.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Само Рурално

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img