Посно тавче гравче. Петок е. Нека ГРМИ. Посно тавче гравче во петок. Наздравје ручек добри луѓе. Повелете рецепт.
Гравот е пожелно да се стави цела вечер да отстои во ладна вода. Белиот грав ставете го да се свари во водата. Истурете ги првите две води и ставете го во другата вода на повторно варење.
Состојки
- сварен грав
- суви пиперки
- 1 главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- зејтин
- црвен пипер и буковец
Постапка
- Кога гравот е при крај, ако сакате да правите тавче гравче, треба да одвоите зрна, без водата и да ги ставите во тава или мали тавчиња за печење.
- Потоа додадете од водениот дел од гравот, полијте ги зрната малку.
- Испржете кромид и лук и залијте ја тавата со нив. Ставете суви пиперки и притиснете ги во течноста, да не изгорат веднаш.
- Во тиганот што пржевте, додадете зејтин, нека се потпече, тргнете го тавчето на страна и додадете црвен пипер и буковец, мешајте да не поцрнат. Прелијте ги врз гравот и ставете ја тавата на печење, прво на 220, потоа на 180 степени.
- Кога ќе почне да врие густо, готово е. Ќе се направи убава коричка…
Не треба да биде исушено, но ни водено, треба да е таман искрчкано.
Ако немате доволно од течноста од варениот грав, помешајте ја со малку вода.
Многумина додаваат нане за полесно варење на гравот.
Овде запршката со црвен пипер е неопходна, а некои ставаат и брашно, но јас само со црвен пипер и буковец го џшнувам и преубаво е!
Кој си јаде луто, и пиперките и буковецот треба да се лутки!
Рецепт по препорака на Bozica Palikukovska
Наздравје!
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.