домаАгро Вести160.000 еутаназирани патки во Бугарија

160.000 еутаназирани патки во Бугарија

Pneumatik baner

Според новите информации, пријавени се случаи на птичји грип на две фарми во Бугарија што ќе резултира со 160.000 еутаназирани патки. Карантин е воведен во Германија, а предупредувања се издадени во Виетнам поради високо патогени соеви.

160.000 еутаназирани патки во Бугарија по појавата на птичји грип на две фарми. За кој вид станува збор сè уште не е познатo. Сепак, се смета дека е видот H5N8 кој е распространет во Европа.

Семенарна хоризонтален банер

Според Ројтерс , болеста се појавила во објектите на истиот сопственик, а тие се наоѓаат во градот Славјаново, на северот на земјата. Минатата недела избувна и епидемија на фарма со повеќе од 99.000 кокошки несилки.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Тамошната агенција за безбедност на храна соопшти дека нема технолошка врска помеѓу двете фарми. Ги повика земјоделците во регионот да ја чуваат живината затворена. „ Ова е загрижувачко. Станува збор за големи економски загуби“, рече Иван Јорданов , раководител на регионалната единица на агенцијата. Тој додаде дека уништувањето животни на заразените фарми ќе продолжи.

Тигар лого гиф
еутаназирани патки

Карантин во Баварија

По избувнувањето на овој вирус, беше воведена забрана за ослободување живина на отворено во германскиот округ Бајројт во Баварија во радиус од три километри, со цел да се спречи неговото ширење на домашните животни. Покрај тоа, областа за набљудување е во радиус од десет километри, а овие забранувачки зони се протегаат до областа Форхајм.

Според agrarheute , поради мерките за биосигурност, влезот во тамошните живинарски објекти е дозволен само во чиста заштитна облека. Чевлите мора да се дезинфицираат непосредно пред влезот за да се осигура дека нема да се воведат патогени микроорганизми.

petel baner

Од другата страна на светот, во Виетнам, високо патогени соеви на птичји грип, H5N1 и H5N6, се појавија во дури 14 провинции.

Досега во таа земја се уништени повеќе од 100.000 живина со цел да се запре ширењето на овој вирус, а ризикот е сè уште голем, како што предупредуваат тамошните власти. 

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img