Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Tuesday, October 1, 2024

More
    домаАгро советиКалемење пиперки

    Калемење пиперки

    petel baner

    Калемење пиперки е релативно нова техника. Од неодамна почнало користењето на калемите кај пиперките. Самата технологија, односно процес на калемење не се разликува многу од другите врски. Се калемат сорти кои имаат висока толерантност кон болести и штетници. и штетници.

    По сеидбата, кога подлогите се сеат во контејнери, а калем гранчињата во гајби, многу густо (како за пикирање), по формирање на 4 до 6 прави листови, при дебелина на стебло од околу 2 милиметри почнува калемењето.

    Otkup na kompiri

    Техника на калемење пиперки

    Потребно е остро сечиво (жилет), кој се поставува во специјален држач така што се сече под агол од 45 степени. За калемење е идеално доколку резот е прецизен и површината на налегнување поголема.

    Подлогота се сече над котиледонот, а и калем гранчето обично над котиледонот, но тоа зависи и од издолженоста на расадот. По спојувањето со штипките, можно е да се постават и дрвени стапчиња, која служат како држач за билката.

    Идеално е калемените билки да се стават во комори за калемење, каде точно може да се контролираат климатските услови. Но, во овие услови, може да се користат ПВЦ гајби, каде се реди искалемениот расад и добро се залива.

    Гајбите со својата висина од 25 до 30 сантиметри претставуваат држачи, односно конструкција за фолијата со која се покрива.

    agrounik

    Првата е перфорирана фолија, а другиот и третиот слој се обична фолија. На овие три слоја се поставува темна фолија или зелена или црна мрежа за заштита од град, која има функција на замрчување во првите 48 часа.

    Калемениот расад мора да се најде во погодни услови, односно висока релативна влажност на воздухот и ниска осветленост. По 48 часа, се симнува темната фолија и се зголемува интензитетот на светлина. До тој момент, почнало создавањето на калусот. По 96 часа (4 ден од калемењето) се симнува другата фолија,а по 144 часа (шести ден), се симнува и последната фолија. Билките во гајба остануваат уште 2 до 3 дена.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Пиперки како сабја големи

    Пипер ли е сабја ли е?

    Од Рубликата АГРО ШАМПИОНИ. Borce Velinovski. Родна е Македонија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img