Производителите на ориз најавија протест со кој ќе го блокираат патот Штип-Кочани .
Субвенциите се причина за протестот. Оризопроизводителите бараат тие да се исплатат пред да почне сеидбата, а дел од барањата се и повисоки цени за откупот на оризовата арпа и белиот ориз.
Оризопроизводителите ги повторија и барањата за навремено чистење на каналите и пуштање на водата за наводнување на полињата со ориз.
Од владата им одогворија дека се запознати со овој проблем и дека се работи на проблемот за исплата на субвенциите.
Доколку не се најде компромис за овој проблем, производителите на ориз се закануваат со блокирање на патот Штип-Кочани секој втор ден.
Производителите на ориз најавија протест преку кој што ќе пробаат да ги решат своите барања.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.