Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро колумнаАнтракноза на лубеницата - Colletotrichum orbiculare

    Антракноза на лубеницата – Colletotrichum orbiculare

    petel baner

    Антракноза на лубеницата – Colletotrichum orbiculare

    Опис: Паразитот ги напаѓа сите надземни растителни делови. На листовите се забележуваат тркалезни некрозни дамки со белузлавосива боја, обрабени со темнокафеав раб.

    Понекогаш ткивото во некрозните дамки пука.

    На стеблото се развиваат вдлабнати рани со кафеаво – црвеникава боја.

    Раните, при основата на стеблото навлегуваат длабоко, поради што настанува венење на растенијата.

    Најкарактеристични промени се развиваат на плодовите. На нив се развиваат многубројни и тркалезни вдлабнати рани, белузлавосиви ограничени со темнокафеава до црвеникава маса, во која се наоѓа мицелија и конидии од габата.

    Вдлабнатите рани на стеблото и на плодовите претставуваат плодни лежишта од габата. Паразитот презимува во семето и во растителните остатоци до 5 години. Конидиите се разнесуваат со водата за наводнување, инсектите. Инфекциите се остваруваат директно преку епидермисот.

    За да настане инфекција растителните делови треба да бидат навлажени. Инкубациониот период изнесува 6 – 7 дена и болеста се развива при топло, влажно и врнежливо време.

    Agrobot

    За спречување се препорачува употреба на здраво семе и уништување на растителните остатоци. За заштита на растенијата може да се користат некои фунгициди како манкозеб, цинеб, манеб, фолпет, пропинеб и др.

    Антракноза на лубеницата – Colletotrichum orbiculare може значително да влијае на економските штети при одгледувањето на лубеницата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    При врнежливо време третирањата да се изведуваат на седум дена.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img