Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро советиНајчести болести кај шампињоните

    Најчести болести кај шампињоните

    petel baner

    Условите во кои се одгледуваат печурките – зголемена релативна влажност, умерена светлина и температура – доведуваат до развој на фитопатогени габи, бактерии и вируси кои во некои случаи го загрозуваат целото производство. Кои се најчести болести кај шампињоните?

    Правилно негуваниот компост, односно квалитетна пастеризација и пакување, е првиот чекор во одгледувањето на печурки. Бидејќи производството на печурки се одвива на исто место од берба до берба (не постои можност за плодоред), секоја инфекција што ќе се појави во фармата го зголемува инфективниот потенцијал и можноста за неуспех во производството.

    Agrobot

    Влажно гниење

    Влажното гниење е најопасната болест на печурките. Инфицира млади габи кои се деформираат, а во процесот на хиперплазија се формираат туморски формации кои се покриени со спори на мицелиум и габи. Возрасните печурки добиваат неправилна сферична форма, а нивната боја се менува во црвеникаво-кафеава со појава на непријатен мирис што дополнително привлекува инсекти. Извор на инфекција може да биде несоодветно подготвениот компост, просториите и алатот кој се користи, остатоци од претходна берба и инсектите кои многу често се едни од преносителите. Оваа габа не толерира температури над 55 ° C и базна средина. Мерки за заштита се: дезинфекција на просториите, дезинфекција на алатите и отстранување на заразените печурки.

    Суво гниење

    Ова е исто толку опасна болест како и влажно. Можат да се забележат темно-кафеави дамки на заразените плодови. Габата е активна на температури над 25 ° С. Конидиите се пренесуваат со струење на воздухот, преку берачите и водата за наводнување. Мерките за заштита се исти како и кај влажното гниење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Најчести болести кај шампињоните
    Најчести болести кај шампињоните (влажно и суво гниење)

    Пајажинеста мувла

    Инфицираните печурки добиваат розово-кафеави дамки кои се придружени со процеси на гниење и појава на непријатен мирис. Најчести извори на инокулум се остатоци од претходно обрани печурки и несоодветна дезинфекција на просторот и алатките. Мерките за заштита се состојат од одржување на хигиената на фармата, а интервентна мерка е да се покрие заразената површина со хартија натопена во етанол и потоа да се посипе со сол. Исто така, местото на инфекција може да се третира со вар во прав.

    Зелена мувла

    Овој патоген се населува во органска материја и брзо се шири. Инфицираните печурки добиваат кафеава боја, се искривуваат и пукаат. Појавата на зелена боја на местото на инфекцијата е јасен показател за почетокот на спорулација на патогенот. Зелената мувла може да предизвика алергиски реакции кај берачите. Се препорачуваат следниве мерки за заштита: одржување хигиена во фармата и попрскување на местото на инфекција со сол.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img