Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Friday, December 6, 2024

More
    домаАгро советиТритикале: ветувачко жито со скромни побарувања

    Тритикале: ветувачко жито со скромни побарувања

    petel baner

    Тоа е многу ветувачки земјоделски вид, кој ја најде својата примена и во поледелството и во сточарството. Зелената маса на тритикале има нежен и сладок вкус, поради што стоката со задоволство го јаде.

    Житарките формирани со вкрстување на пченица и ‘рж се нарекуваат Тритикале. Корисно е во исхраната на сите видови домашни животни. Може да се користи при подготовка на концентрирана сточна, зрнеста храна, но добро е и како надземно волуминозно храниво. 

    Otkup na kompiri

    Може да постигне поголеми приноси од пченицата и ‘ржот. Ова е особено изразено во понеповолни агроеколошки услови за одгледување. Се карактеризира со висока отпорност на болести, штетници и суша. Има голема површина на застапеност, главно во области каде пченката не може да напредува или во умерена клима, бидејќи тоа е зимска култура. 

    Содржи високо ниво на протеини (14-17 проценти), висок процент на аминокиселин лизин (околу 0,52 проценти), што е, на пример, повисоко од нивото на лизин кај комерцијалните сорти пченица. 

    тритикале
    Тритикале

    Не бара многу технологија

    Неговиот плод е богат со фосфор (Р), витамини од комплексот Б (Б1, Б2, Б3, Б6), потоа токоферол и ензими кои можат да ги разложуваат сложените органски соединенија. Содржи големо количество скроб, шеќери растворливи во вода, целулоза, масло и други корисни материи . 

    Според претходното искуство во пракса, концентрираната  сточна храна најдобро е да се користи во исхраната на живина и молзни крави. Како добиточна храна, постигнува значително поголеми приноси во споредба со другите житни култури. 

    Својата примена ја наоѓа во исхраната на луѓето , но и во прехранбената индустрија како суровина за разни тестенини и други пекарски производи. 

    Оваа култура е создадена во средината на 19 век. Денес, добива се поголемо значење, а во развиените земји е важен елемент на современото сточно производство. Се одгледува во просек на повеќе од четири милиони хектари и постигнува приноси од околу 4 т / ха. 

    Неопходно е да се користи помалку агротехника во производството. Поради високата прилагодливост и отпорност, тритикале е погоден и за органско одгледување.

    Расте таму каде пченицата не може

    Поголемите надморски височини се исто така погодни за ова жито, бидејќи е отпорно на ниски температури . Подобро го толерира зимското мирување од пченицата и не му пречи ненадејното топење на снегот или присуството на мраз. Побарувањата за топлина се исто така ниски, при што растенијата не го прекинуваат нивниот раст и развој за време на потоплите зими. 

    agrounik

    Има силно развиен коренов систем, голем капацитет за вшмукување, така што неговите потреби за влага се значително помали во споредба со пченицата. Големата отпорност на суша се должи на восочните облоги на лисјата и можноста да ја задржува водата во клетките. 

    Постигнува најдобри резултати во производството на плодни типови на почва. Сепак, заради силниот корен и добрите карактеристики, успешно се одгледува на кисела, песочна, солена почва, со сиромашни микроелементи или во услови на висока концентрација на токсични елементи. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Според проценките на експертите, неговото одгледување во средини со pH вредност под 5,3 може да резултира со поголеми приноси отколку што би се постигнало со која било друга култура. 

    Тоа е многу ветувачки поледелски вид, кој ја наоѓа својата примена и во поледелството и во сточарството. Зелената маса има нежен и сладок вкус, па затоа и добитокот сака да го јаде.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img