Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиОтпорност на антибиотици - глобална закана

    Отпорност на антибиотици – глобална закана

    petel baner

    Нема прецизни податоци за употребата на антибиотици кај добитокот. Научниците ја споредуваат отпорноста кон нив со климатските промени – не ги гледаме, затоа доцниме во борбата против нив. Затоа ова претставува глобална закана.

    Употребата на антибиотици кај добитокот е тема која се разгледува се почесто. Посебен фокус има последната година, додека преовладува пандемијата на корона вирусот.

    Кон крајот на минатата година, научниците предупредија дека отпорноста на лекови е поопасна од Ковид-19. Тогаш Организацијата на ООН за храна и земјоделство (ФАО) објави дека драстичното зголемување на отпорноста на микроорганизмите може да резултира со нова пандемија. 

    АМР е глобална закана

    Покрај тоа, Светската здравствена организација (СЗО) ја рангираше антимикробната резистенција (АМР) меѓу првите десет глобални закани. Но, ова сознание, според експертот за здравје на животните Едгар Гарсија Манзанили,не е доволно во центарот на вниманието на јавноста. 

    „ Слично е на климатските промени. Тие не се гледаат веднаш, па затоа е тешко да се натераат луѓето да реагираат. “ Ова го изјави Манзанили, еден од координаторите на неодамнешниот извештај за намалување на употребата на антибиотици кај живината.

    глобална закана

    Имено, планот на една од најважните стратегии на ЕУ, е да се намали вкупната продажба на антимикробни производи кај сточарството и аквакултурата за 50% до 2030 година. 

    Манзанили тврди дека употребата на антибиотици во живинарскиот сектор е намалена до 90 проценти. Тоа го прави референтна точка за другите. Но, тој исто така посочува дека колку е поголем напредокот, толку е потешко да се намалат количините. 

    Нема прецизни податоци за употребата

    Друг проблем е што ЕУ нема целосна и прецизна идеја за обемот на употребата на овој вид средства на фармите, на ниво на видовите во кои тие се користат. Имено, податоците се собираат само врз основа на податоците за продажбата, за кои вели дека не се доволно конкретни. 

    Овој напис нагласува дека сите земји на ЕУ ќе треба да ја измерат употребата на антибиотици на ниво на вид до 2027 година. Но, Манзанили верува дека ќе биде предоцна за да се постигне сегашната цел.

    Agrobot

    Треба да се напомене дека со разлики во нивото на видовите, употребата на овие средства варира во голема мера помеѓу северна и јужна Европа. Сточарството треба повеќе да се потпира на нив и поради повисоките нивоа на бактерии.

    Тестирање на лице место

    Овој експерт верува дека голема помош во обидот да се намали нивната употреба би била алатка која ќе го тестира животното на самото место. Таа ќе покаже дали му треба лек или не, но треба да биде достапна и лесна за употреба. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Имено, кога ќе се појави првиот симптом на инфекција, може да биде доцна за добитокот. Земјоделците не можат да си дозволат таква „небрежност“. 

    ” Болеста може да ги убие за ден или два, па ако имате основано сомневање за некаков проблем, мора да преземете мерки за да го спасите животното. Нема време да се испраќаат примероци во лабораторијата “, рече тој заклучувајќи дека таквите алатки за тестирање и те како ќе бидат потребни, но сè уште не е точно познато за каква помош во одгледувањето добиток станува збор.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img