Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро колумнаВештеркини метли кај кајсијата

    Вештеркини метли кај кајсијата

    Вештеркини метли кај кајсијата – Taphrina weisneri

    Латинско име на болест: Taphrina weisneri

    Култура: Кајсија

    Оваа болест се манифестира со така што од заразените пупки се развиваат ластари што личат на МЕТЛИ.

    Првите листвои кои се појавуваат, имаат црвенкава боја .

    Потоа тие хипертрофираат и стануваат ненормално големи, здебелени и малку накадравени. На опачината од листвоите се појавува сивкаста навлака од аскуси со аскоспори.

    Најпосле листовите стануваат кафеави и изумираат, но не опаѓаат.

    Габата која ја причинува оваа болест вештеркини метли кај кајсијата се одржува во вид на мицелија во дрвенестите делови .

    Од лисните пупки се развиваат хипертрофирани листови, а од пупките од заразениот лист дрвенест дел се развиваат во народот наречени вештеркини метли .

    Болеста се разива во почетокот на вегетација , при влажно , врнежливо и студеникаво време.
    Заштитата започнува со спалување заразените ветки.

    При нивно отстранување , тие се режат со дел од 10см од здравото ткиво .

    Од хемиските средства можат да се користат истите што се користат како и против T. deformans.

    Вештеркини метли кај кајсијата – Taphrina weisneri може да нанесе сериозна штета на овоштарник со кајсии затоа треба навремено следење и реагирање.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Како се одгледува Јапонско јаболко?
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Болести и штетници кај зелката
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img