домаАгро ВестиНа располагање нови средства за сточарите ...

На располагање нови средства за сточарите …

Pneumatik baner

На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година

Сите сточари кои во период од 01- ви октоври до 31- ви декември 2020 година, набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пчелини матици од одобрени одгледувалишта, ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој.

Семенарна хоризонтален банер

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка, имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Сите апликанти кои ќе аплицираат за набавени пчелини матици може да добијат финансиска поддршка до 600.000 денари по корисник. Додека, за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник. Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

нови средства за сточарите
нови средства за сточарите

Бачовски, појаснува дека ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-Инвестицијата ја реализирал млад земјоделец. За оваа категорија баратели, кофинансирањето изнесува 55%..

– инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кофинансирањето е до 60% ,

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец кофинансирањето е до 65% и

Тигар лого гиф

– инвестиции во недостапни рурални заедници се кофинансираат со 75% од средствата кои се прифатени. “ – посочува Бачовски.

Краен рок за достава на барањата е 15.04.2021 година.

petel baner

Во продолжение, линк со податоци за поднесување на барањето.

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img