Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Saturday, December 10, 2022

More
    домаАгро ВестиИзеле 3000 кг скакулци во борба против наездата

    Изеле 3000 кг скакулци во борба против наездата

    Скакулците се прифатлив извор на храна за сиромашните рурални области. Единствено што е важно е дека тие не биле третирани со пестициди.

    На почетокот на минатата година, беа објавени застрашувачки наезди од пустински скакулци во африкански и азиски земји. Еден рој може да изеде храна за дури 35.000 луѓе. Нивното појавување е погубно за земјоделството, бидејќи тие ја уништуваат целата вегетација пред нив. Голема штета се случи во земјите каде што населението веќе се соочува со глад и неухранетост.

    Во меѓувреме, инвазијата во Пакистан ги принуди локалните жители да им се спротивстават на овие штетници со иста мера – тие почнаа да ги јадат. Тие упеале да соберат 3000 кг скакулци. Сепак, само оние кои не биле третирани со пестициди.

    Тим научници од универзитетот Синд во Пакистан и Универзитетот за ветеринарство и животни Чолистан спроведоа теренска студија на тема: Дали ентомофагијата може да стане ефективна мерка за заштита од инвазија? Тој е прифатлив извор на храна за сиромашните рурални области.

    Едно село во напуштениот регион Тар беше избрано за областа на студијата. Таму, истражувачите спроведоа кампања за популаризирање на собирањето и едукацијата за придобивките од конзумирање на скакулци и нивната хранлива вредност.

    3000 кг скакулци

    Нахранете ги гладните и заштедете на пестициди?

    Кога пристигнале огромни роеви плус неколку помали во селото, жителите тргнале на лов. Ноќе, тие рачно собрале околу 3000 кг скакулци, и ги изеле повеќето од нив. Како резултат, активноста на овие штетници во областа на студијата се намалила од очигледна причина. Тие не можеле да положат јајца и да се размножуваат.

    „ Нивната потрошувачка може да стане ефективна практика во спречување на неухранетост и недостаток на протеини, како и ефикасна мерка за заштита на земјоделските култури “, пишуваат авторите на студијата.

    Тие велат дека овој метод на заштита треба да се охрабри и да се спроведе во соработка со локалните власти, што може да влијае на избегнување на конзумација на инсекти кои биле третирани со пестициди, кои, патем, чинат милијарди долари. 

    Имено, во Африка биле третирани 16,8 милиони хектари, што чинело околу 274 милиони долари, додека на Блискиот исток 13 милиони хектари биле третирани за 500 милиони долари. Да потсетиме, инвазијата е контролирана од Светската организација за храна и земјоделство на ООН (ФАО).

    Според Гардијан , овие инсекти почнале да се користат како извор на протеини во храна за живина, но и како ѓубриво за растенија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img