Секое неспецифично однесување кај говедата обично укажува на здравствен проблем.
Така, на пример, играњето со јазик кај говедата е нарушување поврзано со однесувањето во исхраната. Се јавува и кај телињата и кај возрасните и најчесто пред и после јадење. Причината е наследен фактор, рано отфрлање на телиња (престанок на цицање) или имитација на други животни.
Фактори кои ја забрзуваат манифестацијата на ова однесување се недоволна обемна храна, врзано држење на телото, вештачко хранење, униформна околина. Затоа е потребно животните да се движат слободно на пасиште или да имаат излез најмалку неколку часа на ден, да спречат визуелен контакт со други животни што го покажуваат ова нарушување и да се дава доволно сурова, обемна храна.
Грлата со ова нарушување во однесувањето не треба да се користат при репродукција, бидејќи ова однесување се смета за наследно.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.