Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

25.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро ВестиПо долг период на раст, цените на житото опаѓаат

    По долг период на раст, цените на житото опаѓаат

    petel baner

    По долг период на раст, цените на житото опаѓаат. Причината за падот на цените се главно поволните временски извештаи од САД. Но, и високите проценки на жетвата во земјите од Црноморскиот пазар.

    Минатата недела, цените на пченицата паднаа малку од претходните највисоки нивоа и на почетокот на оваа котираа на 222 евра за тон. Некои податоци сугерираат дека има пад од скоро 10 евра по тон во споредба со претходната недела. Така, сега со ова жито се тргува релативно стабилно по цена од 199 евра за тон.

    Цените на пченката се исто така нешто пониски, на ниво од  214 € / тон , додека маслодајната репка успеа да одржи високо ниво од 539 € / тон .

    И покрај силната побарувачка и ниските залихи на пченка, соја и пченица, големи проценки за нивно одгледување може да се очекуваат по 31 март. Станува збор за извештај кој често е главен двигател на пазарот. Aналитичарите предупредуваат дека по добрите индикации за раст на земјоделските култури, ќе има значителен пад на цените.

    Дожд во Америка, а Египет купува од Романија

    Добрите метеоролошки услови за развој на земјоделските култури извршија притисок врз цените на пченицата таму. Тоа се рефлектира во падот на европските и црноморските пазари. Подобрената перспектива за врнежите во САД се совпаѓа со извештаите за подобри услови за најголемиот извозник – Русија, но и Украина. Исто така, кога станува збор за состојбата на посеаните житни култури, бележиме добри вести во Европската унија. Пролетната сеидба напредува добро во Западна Европа, особено кај најголемиот производител – Франција.

    Во таа земја, до 8 март беа одгледувани околу 90 проценти од очекуваната површина на јачмен. Тоа е далеку повеќе од минатогодишните 33 проценти, објави земјоделската канцеларија FranceAgriMer.

    Минатата недела беа забележани бројни понуди за тендерот на најголемиот увозник на пченица, Египет. Русија е исто така присутна и покрај високиот данок за извоз. Сепак, египетски купувач се одлучи за 360.000 тони жито од Романија на аукцијата.

    Agrobot
    цените на житото опаѓаат

    Украина го проширува одгледувањето јачмен

    Цените на јачменот на пазарот на Црното Море нагло се зголемија по големата побарувачка од Кина. Понекогаш ги надминаа и оние за висококвалитетна мелена пченица, објавија аналитичарите на АПК-Информ минатата недела. Тие исто така наведуваат дека Кина купила околу 2,7 милиони тони украински јачмен од јули 2020 година до февруари 2021 година. Ова е драстично повеќе од 800 000 тони од претходната сезона.

    Украинското Министерство за економски работи предвидува дека жетвата на јачменот годинава може да се зголеми од 7,8 на 9,2 милиони тони поради поголема површина за сеење и подобри временски услови. Според најновите податоци на украинскиот Државен метеоролошки центар, само два проценти од зимските полиња со пченица и седум проценти од маслодајна репка се оштетени од студот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Министерството за економија во Киев проценува дека областа на овие житни култури таму може да се зголеми од 15,2 во 2020 година на 15,7 милиони хектари оваа година. Поволното време исто така може да им помогне на земјоделците. Тие можат да ја зголемат жетвата од 65,5 во 2020 година на 75 милиони тони оваа година.

    Берзата за жито во Буенос Аирес минатата недела ги намали проценките на аргентинската соја на 44 милиони тони, и прогнозата на пченка на 45 мил. тони. Тоа е пониско од претходните предвидувања од 46 милиони и за двете култури. Сепак, во соседен Бразил, државната земјоделска агенција „Конаб“ ги зголеми проценките за овогодишната жетва на соја и пченка. Главната причина е зголемувањето на обработливото земјиште.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img