Промените во почетоците на годишните времиња може да доведат до проблеми во одгледувањето на растенијата. Културите ќе никнат, цветаат и ќе се обидат да созреат во погрешно време од годината. До крајот на векот, летото може да трае шест месеци. Што ќе биде со земјоделството?
Четирите сезони може да се заборават ако не се стори нешто за ублажување на климатските промени. Според новата студија, летото на северната хемисфера може да трае скоро шест месеци. Исто така, зимите ќе траат помалку од два месеци.
Според авторите, промените би имале најтешко влијание врз земјоделството, здравјето на луѓето и животната средина.
Истражувачите ја проучувале должината на сезоните на северната хемисфера со разгледување на историските податоци за климата од 1952 до 2011 година. За секоја година, тие го утврдија почетокот на летото со пресметување на периодот со највисоки 25 проценти од температурите. Додека, периодот со најниски 25 проценти од температурите беше дефиниран како зимски.
Земјоделството го чекаат тешки времиња
Една нова студија покажа дека летото се продолжува во просек од 78 на 95 дена помеѓу 1952 и 2011 година. Зимата е скратена од 76 на 73 дена. Пролетта е скратена од 124 на 115, а есента од 87 на 82 дена. Соодветно на тоа, пролетта и летото започнаа порано, а есента и зимата подоцна.
„ Летото станува сè подолго и потопло, а зимата станува сè пократка и поблага поради глобалното затоплување “, објасни водечкиот автор на студијата, Јупинг Гуан, додавајќи дека бројни студии веќе покажале дека сезонските промени претставуваат значителни ризици за животната средина и здравјето.
Есента и зимата може да започнат околу половина месец подоцна, што до крајот на векот година може да резултира со шестмесечно лето или зима пократка од два месеци. Токму ваквите промени во раните сезони можат да доведат до проблеми во одгледувањето на растенија бидејќи земјоделските култури ќе никнат, цветаат и ќе се обидат да созреат во погрешно време од годината. Исто така, екосистемите можат да пропаднат ако животните и растенијата не ги усогласат своите годишни циклуси.
Доколку навистина се случи ваква ситуација, последиците веројатно ќе бидат далекусежни. „ Топлите и долги лета ќе донесат повеќе суши и шумски пожари“, додека поблагите и пократките зими можат да предизвикаат нестабилност што ќе доведе до студени шокови и зимски бури, слични на оние во Тексас и Израел.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.