домаАгро ВестиДали знаете кое е НАЈОПАСНО сирење во светот?

Дали знаете кое е НАЈОПАСНО сирење во светот?

halk bank baner horizontalen ovcar

Сирењето, кое беше прогласено за најопасно сирење во светот во Гинисовата книга на рекорди и чија продажба беше забранета од Комисијата за храна на Европската унија, доаѓа од Сардинија. Тоа е овчо сирење по име Casu Marzu или расипано сирење кое содржи специфична состојка.

Pneumatik baner

Тајната состојка на сирењето што традиционално се прави на овој италијански остров се црвите. Имено, ова сирење се произведува со правење дупка во ролна сирење од видот Pecorino со цел мува ( Piophila casei ) да положи јајца во него. Освен пикантноста, сирењето се произведува на овој начин затоа што од изведените црви се ослободуваат киселини кои ги намалуваат маснотиите од сирењето.

Семенарна хоризонтален банер

Ова сирење со мека текстура содржи живи црви. Голем број на луѓе дури и не ги вадат црвите кога го конзумираат сирењето, иако мувата што несе јајца често е посетител на трупови на мртви животни.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
petel baner

Црвите треба да пораснат од три до шест недели. Друг вознемирувачки факт поврзан со ова ” најопасно сирење во светот ” е дека црвите можат да излезат и да се разбегаат ако се вознемирени што не е пријатна глетка.

Би го пробале ли ова сирење?

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img