Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

0.8 C
Skopje
среда, јануари 19, 2022

More
    домаЛековита исхранаПрироден лек против алергија на полен

    Природен лек против алергија на полен

    Пролет, сезона што скоро сите ја очекуваат, но за некои тоа значи уште една сезона на борба против алергии. За среќа, природните лекови ја имаат таа моќ да стават крај на овие болести. Еве еден природен лек против алергија на полен.

    Кивање, чешање на очите, црвенило и течење на носот се само некои од непријатните симптоми на алергија на полен. Тие често се придружени со метеж на дишните патишта, притисок на синусите, иритирачка кашлица и гребење во грлото.

    Моќната коприва ги елиминира проблемите

    Ова лековито растение се користи во фитотерапија со векови. Листовите од коприва, меѓу другото, содржат природни блокатори кои спречуваат производство на хистамин. Затоа тие имаат корисен ефект врз проблемите предизвикани од алергиски реакции.

    Најдобар начин да ги искористите сите придобивки и бројни лековити својства е да користите коприва како што следува:

    Додадете неколку свежи листови во 250 мл врела вода и оставете да отстои 30 минути, а потоа процедете. Овој пијалок се пие 3 пати на ден.

    Освен како пијалок, овој лек може да се користи и за инхалација.

    Третата опција вклучува употреба на екстракт од коприва (тинктура).

    Измешајте 20 до 30 капки во вода или природен сок. Пијте го овој пијалок еднаш на ден за превенција, а за да ги ублажите постоечките проблеми, консумирајте три пати на ден.

    Покрај копривата, докажано е дека сокот од соја и чајот од ѓумбир се ефикасни решенија во борбата против алергија на полен. Со редовна примена, значително ќе ја олесните непријатноста.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img

    ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ?

    View Results

    Loading ... Loading ...

    Земјоделци проверете ги сметките

    Земјоделци проверете си ги сметките !!! Денеска владата ги исплати сите заостанати субвенции на Земјоделците.Исплатени се и сите субвенции што треба да се...