Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиЗошто се појавува неплодност кај кравите?

    Зошто се појавува неплодност кај кравите?

    petel baner

    Неплодност кај кравите е тежок и многу важен проблем. Поради неплодноста на кравите, бројот на телиња и производство на млеко е намален. Ова може да предизвика не само зоотехнички, туку и економски проблем.

    Неплодноста кај животните е состојба кога женските животни не можат да раѓаат потомци кои се способни за живот. Причините за неплодност можат да бидат различни, а најчесто се поврзани со начинот на исхрана и растење. Животните се неплодни кога не можат да останат бремени по три последователни парења или оплодувања. Доколу се привремено неплодни ако на возраст од 16-18 месеци, со телесна тежина од 380-400 кг, не се терале, односно не биле стелни.

    Otkup na kompiri

    Неплодност кај кравите предизвикан од лоша исхрана или изгладнување

    Во 20% од случаите, неплодноста е вродена, додека во 80% од случаите е последица на неправилно држење на телото или лоша исхрана: недостаток на протеини, витамини, минерали, јадење замрзната, мувлосана и расипана храна. Потоа заради глад во време на суша, недостаток на сол. Храна со слаб квалитет и мала хранлива вредност предизвикува неплодност во 50% од случаите и се нарекува стерилитет од глад.

    Стерилитет од глад, се појавува најчесто во зима, како и во рана пролет, ако во исхраната се користат сиромашно сено, пченка, слама. Лошата исхрана предизвикува одложено полово созревање н животните.

    Лошата исхрана на бремените крави и јуници доведува до слабеење на состојбата, што доведува до абортуси и раѓање на телиња неспособни за живот. Бесплодните животни можат повторно да станат плодни ако се воведе доволно количество квалитетна храна.

    неплодност кај кравите

    Потеребни се доволно количини минерали во исхраната

    Посебно внимание треба да се посвети на внесувањето на доволни количини на минерали (најважни се калциум, фосфор, калиум, натриум и хлор) и витамини кои можат да се внесат во организмот преку препарати: коскено брашно, или додавање со помош на инјекција.

    agrounik

    На кравите и јуниците мора да им се дава 30-40 гр (една лажица) сол во нивната исхрана секој ден. Во никој случај не смее да се дава сол во големи количини еднаш неделно, бидејќи може да предизвика труење. Симптоми на недостаток на сол се изопачен апетит, кога кравата ги лиже sидовите на шталата и пие урина.

    Недостаток на сол доведува и до спонтан абортус, неплодност, намалено лачење на млеко, губење на тежината и слаб апетит. За да се спречи неплодноста кај кравите и јуниците, плевните мора да бидат добро проветрени, светли и со умерена температура. Боксовите мора да бидат удобни, суви, чисти и пространи. Кравите мора редовно да пасат. Болестите на гениталиите се исто така причини за неплодност, како и разни други болести (нозе, ‘рбет, копита, мускули, виме, органи за варење) и грешки во оплодувањето,

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – доцно или предвремено оплодување,
    – погрешно, непрофесионално оплодување,
    – оплодување со мртва или слабо подвижна сперма,
    – оплодување на премногу млади и неразвиени животни,
    – потоа оплодување на стари животни (помеѓу четврта и осма година) се причини за неплодност кај животните.

    Производителите мора да ја разберат важноста на исхраната и нејзиното влијание врз репродукцијата на кравите со цел да преземат соодветни мерки и да ги намалат економските загуби што можат да се појават по тој повод.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img