Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

15.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024

More
    домаситеГоспод здравје да ви даде

    Господ здравје да ви даде

    petel baner

    Господ здравје да ви даде добри луѓе.

    Колку чини човечкиот живот?

    Пред неколку дена, добив повик за лице завеано во едно од најоддалечените планински места во Кратовската општина. Околу девет часот утрото заедно со медицински техничар и шофер, придружувани од сестрата, внукот и кумот на внукот на лицето, се упативме во планината. По поминати околу три-четириесетина километри возилата ни заглавија во соспите снег по што моравме да продолжиме пеш. После повеќе од час и половина одење низ екстремно стрмниот и непристапен терен, бидејќи патот до куќата не беше прооден, стигнавме до имотот на лицето.

    Затековме трогателна ситуација. Лицето беше паднато на патеката која од неговата куќа води до трлото во кое одгледува значителен број овци кои во овој период од годината се јагнат и мораат да бидат проверувани секоја вечер. За некое чудо, лицето после поминати повеќе од 12 часа на поларна температура во снегот беше сеуште живо, за разлика од овцата која најверојатно имаше излезено да ја врати во трлото по јагнењето.

    Го имаше најдено неговата 90 годишна мајка која немајќи сила да го крене поминала цела ноќ покрај него обидувајќи се да го загрее, за да во утринските часови, иако не знае да ракува на телефон, успее да се јави на сопствената ќерка и да побара помош. Го внесовме во куќата и му пруживме прва помош, но како што секогаш бива, една несреќа не оди сама.

    Сфатив дека ситуацијата е многу посериозна (иако и самото измрзнување е сериозна состојба која најчесто бара хоспитализација) и дека човекот очигледно има и некоја друга подлежечка состојба која треба да се испита во болнички услови.Од тука почна нашата вистинска голгота. Поради непристапноста на теренот немавме можност (барем тогаш така мислев) да го однесеме човекот до нашиот џип. Решивме да се обратиме за помош кај сите институции во нашата општина. И замислете, секаде каде што се јавивме или пративме некого да праша ни беше речено дека не можат да ни помогнат. Противпожарната единица не можела, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, колегите од ЗД Кратово се јавувале и во полициската станица но искрено не знам што им било речено, а од Општина Кратово и на личниот број на градоначалникот не не удостоија ни да ни кренат слушалка.

    Оставени сами на себе и без никаква помош, ги прашав неговите роднини и медицинскиот техничар дали се спремни на раце да го изнесеме човекот до возилото, целосно свесен за ризикот во кој ги ставам нив и самиот себе и за одговорноста која ја преземам. Сепак, професијата не ми дозволува ни да помислам да не го транспортирам пациентот кој имал среќа да преживее на тој студ и снег. Роднините најдоа колци и ќебиња од кои со свои раце зашивме носила, го замотавме во јамболии човекот и го поставивме на носилата и додатно го обезбедивме шиејќи ги однадвор ќебињата.Ние четворицата околу 5 ЧАСА НА РАЦЕ ГО НОСЕВМЕ ПАЦИЕНТОТ ПО КОЗЈИ ПАТЕКИ, НИЗ ЕКСТРЕМНО СТРМЕН ПРЕДЕЛ И ШУМА НАМЕСТА ЗАТРУПАНИ СО СНЕГ, ПРЕКУ РЕКА И НИЗ УГОРНИЦА КОЈА РЕТКО КОЈ БИ СЕ ОСМЕЛИЛ ДА ЈА ПОМИНЕ И ПЕШ. На крајот, накај 19 часот успеавме да стигнеме до возилата и околу 20 часот да го транспортираме пациентот во ЗД во Пробиштип каде дежурната екипа без збор и прашање го презеде пациентот и го однесе во Штип.Доживеав 90 годишна мајка низ солзи и лелеци да не моли да го спасиме нејзиниот син носејќи го на грб по истите козји патеки по кои таа им носела храна на партизаните кои со крв ја изградиле денешната држава која не сакаше да му помогне на син и. Апсурдно, нели?Затоа, јавно прашувам:Стојанче Ангелов за што е надлежен Центар за управување со кризи? За кревање раце и раменици, седење по канцеларии и состаноци и проследување на информации?Љупчо Бојаџиев, за што се надлежни општинските претпријатија и градскиот татко ако не за да им бидат на услуга на граѓаните кога им се најпотребни? Или за садење цвеќиња, фарбање клупи, асвалтирање панорамски патишта и продавање празна слама и демагогии?Почитувани Zoran Zaev, Венко Филипче, Oliver Spasovski, Ви се обраќам не како експоненти на политичка пратија, туку како луѓе кои моментално се носители на фунции кои можеби можат да направат некоја разлика.Јас, а се надевам и мнозинство на граѓани и граѓанки на оваа беспоштедно сурова Република, кои го читаат ова, НЕ САКАМ, ТУКУ БАРАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ И ОЧЕКУВАМ КОНЕЧНО ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ НЕКОИ ПРАВИЛА, ПРИНЦИПИ И СТАНДАРДИ.Го пишувам ова испровоциран од инертноста на институциите и нивниот однос, но и од нечовечноста на луѓето вработени во нив, надвор од секаков дневно-политички контекст, знаејќи дека ќе испровоцирам реакции кои најверојатно негативно ќе се одразат на мене, но веќе искрено не ми е гајле.На крај, да одговорам на прашањето. Човечкиот живот за некои од нас нема цена, а за некои не вреди воопшто.

    Пс. Tv Star – Televizija Star , пред да објавите нешто информирајте се убаво и од прва рака, бидејќи лицето за кое сте известиле не е залутано, туку чесен сточар кој егзистенцијата ја нашол во одгледување овци во планината, а моменталната состојба му е далеку од стабилна.Edit: Ги читам коментарите и морам да кажам дека постов не е напишан за самопромоција и фалење, туку за да алармирам дека системот не ни функционира. Edit: Kurir, Денешен весник, Република и сите останати кои ја пренесовте веста.

    Agrobot

    Јас со најголема почит се обраќам кон државните институции и нивните раководни лица и се обидувам да предочам проблем за кој сметам дека е потребно да се најде решение за да не се случуваат исти случки понатаму, а Вие со Вашето “новинарство” го претворивте постов во дневна политика, што само ја покажува Вашата општествена неодговорност и апсолутна негрижа.

    Погледнете ги сликите што ги објави господинот Pavle Zafirov. Господ здравје да ви даде на сите што му помогнавте на овој човек.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Страшно!!!

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img