Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024

More
    домаситеЗошто е добро да се јаде спанаќ?

    Зошто е добро да се јаде спанаќ?

    petel baner

    Во екот на пролетната сезона, спанаќот е една од омилените намирници на многу луѓе, а неговите ефекти врз здравјето се повеќекратни. Зошто е добро да се јаде спанаќ?

    Овој моќен зелен лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а најпознат е по високото ниво на железо, што е неопходно за целиот имунолошки систем.

    Добро е за здравјето на кожата

    Полно е со антиоксиданти кои ја штитат кожата спречувајќи слободни радикали да се врзуваат за нашата кожа и да ни создаваат проблеми.

    Богат е и со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштитно средство за кожата од УВ зраците, така што конзумирањето спанаќ штити од сонцето.

    Витаминот Ц го поддржува колагенот во нашата кожа, и тој спречува брчки и ја стимулира еластичноста на кожата.

    Ги зајакнува мускулите

    Овој зеленчук има и голем број нитрати кои помагаат во градењето на мускулите. Нитратите се одговорни за зголемениот проток на крв, и им помагаат на мускулите прио напор, како и со развојот на мускулните влакна.

    Го чува срцето

    Гликолипидите кои се наоѓаат во овој зеленчук му помагаат на телото да произведе азотен оксид, а оваа молекула доведува до проширување на крвните садови, а со тоа и до помал стрес на срцето. Крвта на тој начин полесно циркулира во телото, а крвниот притисок се намалува.

    Го намалува ризикот од дијабетес

    Спанаќот исто така содржи магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, и ова е многу важно со цел да се намали ризикот од заболување од дијабетес.

    Конзумирајќи спанаќ, внесуваме доволно количество магнезиум. Една чаша спанаќ на ден содржи шест проценти од дневниот внес на магнезиум.

    да се јаде спанаќ

    Дава чувство на ситост

    Една чаша од овој зеленчук содржи и три проценти од препорачаниот дневен внес на влакна. Салата од спанаќ е идеален оброк ако сакате витка линија бидејќи влакната даваат чувство на ситост.

    Тие го забавуваат варењето, но важно е да пиете многу вода за да им помогнете на влакната да ја завршат својата работа добро.

    Може да го намали холестеролот

    Лутеинот содржан во оваа храна спречува и висок холестерол затоа што помага да не заглави во артериите.

    Agrobot

    Го зачувува здравјето на очите

    Спанаќот ги штити нашите очи од штетно УВ зрачење, но и од дегенеративна состојба – катаракта на очите.

    Два антиоксиданти кои помагаат во здравјето на очите се лутеин и зеаксантин, кои го намалуваат оштетувањето на леќата од сонцето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Го подобрува расположението

    Покрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има добар ефект и врз менталното здравје. Како и другиот лиснат зеленчук, тој се смета за природен антидепресив.

    Исхраната е исто така поврзана со здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресија. Зголемувањето на магнезиумот нè прави посреќни затоа што влијае на нивото на серотонин.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img