Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

More
    домаАгро колумнаРутава буба - Tropinota hirta

    Рутава буба – Tropinota hirta

    petel baner

    Рутава буба – Tropinota hirta

    Опис: Се јавува рано напролет во март.

    Otkup na kompiri

    Минимална температура за нејзин развој е 15 С.

    Има 1 генерација годишно. Штетите од рутавата буба се економски значајни кај овошките. Ги оштетува цветовите на овошните видови и многубројни други растенија, хранејки се со прашниците и толчникот.

    Мерки за контрола се:

    1.обработка на почвата, во затревени овоштарници се оставаат плевелите да цутат за да бидат храна за рунтавата буба,

    2. затресување на стеблото рано наутро и собирање на имагата,

    3. фермонски клопки, масовно ловење со голем број мали обоени бели или сини водени садови во крошната на овошките,

    4. во или околу насадите и за хемиско третирање се препорачуваат инсектициди на база на пиретроиди(тау – флувалинат), и неоникотиониди(тиаклоприд).

    Заловување на Рутава буба – Tropinota hirta

    Заловување на Рутава буба – Tropinota hirta

    Овоштарите кои имале проблеми со рунтавата буба измислие начин за нејзино заловување. Бонбони негро или бронхи се потопуваат во вода или се става екстракт со мирис на јагоди.

    Овие раствори се ставаат во бели или плави садови кои се распоредуваат низ овоштарникот и се бесат по гранките на дрвата. Обавезно се поставуваат и по рабовите на овоштарникот.

    Хемиско сузбивање на Рутава буба – Tropinota hirta

    Хемиското сузбивање на рунтавата буба не се покажало доволно ефикасно бидејќи инсектот секојдневно доаѓа на цветот на растенијата а дејството на хемискиот препарат не е доволно да ја убие рунтавата буба.

    Важно е да напоменеме дека со хемиските третирања уништуваме голем број на пчели кои вршат опрашување а на кои и те како делува хемиското третирање со инсектициди кои се задржуваат на цветот. Со труењето на пчелите нанесуваме повеќе штета отколку што рунтавата буба нанесува штета на растението.

    Привлечете ја женката на рунтавата буба

    Се препорачува правење на места кои ги привлекуваат женките на рунтавата буба за да ги полагаат своите јајца.

    agrounik

    Овие места се прават со прекривање на земјиштето со сено, со прекопувањето да се измешаат земјата и сеното и повторно да се покрие со сено.

    Местото се залива со вода и секогаш да биде влажно. Со своите чула женката на рунтавата буба од далеку го препознава ова место кое што е поволно за полагање на јајцата и своите јајца ги снесува на овие веќе поставени замки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Местото треба да се третира со инсектициди со активна материја hlorpirifos. На овој начин се смалува бројноста на рунтавата буба во наредната година.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img