Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиПочна сеидбата на оризовите површини во Кочанско

    Почна сеидбата на оризовите површини во Кочанско

    petel baner

    Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани денеска ја пуштија водата од каналите во оризовите површини во месноста Сазл`к. Со ова и официјално почнува овогодишната сеидба на оризот.

    Agrobot

    За почеток на наводнувањето се користат проточните води од реките на регионот. До крајот на месецот ќе бидат ставени во функција левиот и десниот магистрален канал од хидросистемот во Брегалница.

    „Во моментов во браната Калиманци се акумулирани околу 110 милиони кубни метри вода. До почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекуваме таа дополнителнио да се наполни, па дури и да биде на прелевање. Најголем дел од каналите се исчистени. Сепак, нашите вработени остануваат на терен за да ја довршат подготовката на местата каде што има извесни проблеми. Очекуваме успешна реализација на наводнителната сезона. Годинава имаме зголемување на површините што ќе се засејат со ориз, односно според планот тие достигнуваат 4.200 хектари, а во кои влегува и делот кај штипското село Крупшиште, истакна Дени Митров, директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Приоритет во оспособувањето и чистењето на каналската мрежа за наводнување имаат местата каде најпрво се пушта водата. Градежната механизација во моментот е ангажирана во атарот на селото Облешево. Веќе е направено и пробно пуштање на водата во десниот магистрален канал на делницата до село Оризари, останува мал дел за бетонирање на оштетувањата меѓу селото Спанчево и Жиганци, по што ќе биде подготвен за користење.

    Од водостопанската подружница апелираа до земјоделците навреме да ги завршат подготовките на оризовите површини и да се придружат кон планот и распоредот за наводнување, што ќе биде јавно објавен во сите месни заедници.

    Извор: МИА

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img