Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

22.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ВестиОризопроизводителите може да набавуваат комбајни

    Оризопроизводителите може да набавуваат комбајни

    petel baner

    Оризопроизводителите ќе може да набавуваат комбајни, средствата се обезбедени преку програмата за рурален развој.

    Од денеска па се до 15 – ти мај, сите земјоделци кои имаат минимум 1 хектар со ориз, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни со сецкалица. Новата мерка наменета за оризопроизводителите во Кочани ја претставија директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и директорот на водостопанство подружница „Брегалница“ Дени Митров.

    Средствата за поддршка на оваа мерка се обезбедени од програмата за рурален развој а право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства а се индивидуални земјоделци кои се носители на земјоделско стопанство или пак се носители на земјоделско стопанство а со земјоделство се занимаваат како дополнителна дејност.


    Директорот Бачовски, ги информираше присутните дека за оваа мерка може да аплицираат и сите трговци поединци и трговски друштва како и земјоделски задруги кои се впишани во регистарот на задруги. „Аплицирањето се врши електронски преку веб страната е- baranje.ipardpa.gov.mk.

    Вкупната прифатлива сума по корисник е до 3.5 милиони денари а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

    Ставката на кофинансирање се зголемува на 55 % ако носител е млад земјоделец од 18 до 40 годишна возраст. 60% поддршка ќе добијат сите кои работат во места со ограничени можности, 65% поддршка ги следува сите кои на денот на аплицирање имаат од 18 до 40 години и обработуваат површина во ограничени можности, додека 75 % кофинансирана сума ги следува сите кои имаат површини во недостапни средини.“- истакна Бачовски.

    Agrobot


    Директорот на Ад. Водостопанство „Брегалница “ Дени Митров, вели дека оваа мерка е добредојдена за земјоделците, и во голема мерка ќе се олесни работата при и по жетва.


    „Оризопроизводителите нема да имаат потреба повеќе да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат. Исто така од денеска и официјално е пуштена водата за наводнување со што практично се создаваат поволни услови за раст и развој на новата реколта и на оризот но и на сите земјоделски производи. “ – истакна Митров

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk


    Преку овие инвестиции се влијае во намалувањето на производните трошци и загубите а се помага врз зголемување на квалитетот и приближување на достигнувањето на стадардите во Европа. Агенцијата и Владата ќе продолжат да креираат мерки кои ќе го осовременуваат домашното земјоделство и позитивно ќе влијаат на конкурентноста и квалитетот на домашно произведени земјоделски култури.

    Извор на информацијата АФПЗРР

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img