Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

29.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро ВестиШвајцарија ќе гласа за целосна забрана за пестициди

    Швајцарија ќе гласа за целосна забрана за пестициди

    Директни плаќања само на земјоделците кои не користат пестициди и чуваат онолку животни колку што можат да се хранат со сопствена храна или тотална забрана, како и увозот на храна што ги содржи. Ова се прашањата за референдумот за целосна забрана за пестициди во Швајцарија.

    На референдумот што ќе се одржи на 13 јуни во Швајцарија, граѓаните на земјата ќе гласаат за две екстремни иницијативи со кои суштински би се променило земјоделството таму. Покрај тоа, безбедноста на храната може да стане сомнителна, а растот на цената е загарантиран, пишува д-р. Вили Кремер-Шилинг на својот блог Бауер Вили.

    Тој објаснува дека ова се два предлога. Првиот беше усвоен од Иницијативата за питка вода (ТВИ). Директните плаќања да се вршат само кон оние земјоделци и компании кои не користат пестициди во своето производство. Покрај тоа, антибиотикот не треба да се користи превентивно кај добитокот. Воедно ќе им биде дозволено да чуваат само толку животни колку што можат да прехранат со храна што самите ја произвеле.

    Вториот беше претставен од иницијативата за забрана на пестициди (PVI). Тие сакаат да забранат употреба на синтетички производи за заштита на растенијата и биоциди во земјоделското производство. Исто така, планот е да се забрани увоз на храна што ги содржи или се произведува со нивна помош. 

    Како ова ќе се одрази на земјоделците и производството на храна?

    Поради овие барања, др. Кремер-Шилинг разговараше со Самуел Гугисберг , претседател на Здружението на земјоделци и производители таму, кое се залага за рационално и продуктивно земјоделство. Според него, Швајцарија во моментов има стапка на самостојност на храна од околу 54 проценти. 

    „ Тоа ќе се влоши значително ако иницијативите бидат прифатени, бидејќи приносот ќе падне “, предупреди Гугисберг. Вели дека верува оти земјоделците нема да можат да произведат доволно храна.

    Тој исто така објаснува дека иницијативата PVI, исто така, влијае на фазите на обработка со нејзините барања. Како пример тој наведува дека реномираната индустрија за чоколадо не би нашла доволно какао на светскиот пазар. Со тоа нема да може да ги исполни овие барања.

    забрана за пестициди

    Без биоциди, нема хигиена, а без пестициди нема шеќерна репка

    Тој истакна дека забраната вклучува биоциди. Станува збор за производи што се користат за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Исто така и за заштита на материјалите од штетници без кои здравјето на животните би било доведено во прашање. „ Хигиената на шталата и чистењето на системот за молзење се многу важни “, предупреди тој. Додава дека со тоа се доведуваат во прашање 160.000 работни места . Тој смета дека иницијаторите не ги разгледале сите аспекти до крај.

    „ Одгледувањето шеќерна репка без пестициди не е навистина можно “, вели тој. Овие култури ќе немаат плодоред и ќе се одгледуваат повеќе пченка и пченица. Тоа не е во согласност со биолошката разновидност.

    Гугисберг објаснува дека TWI бара забрана за сите пестициди, дури и биолошки. Органските фарми во таа земја во моментов добиваат поголема помош од конвенционалните, и тој смета дека ова треба да биде поддржано од повисоки цени отколку што се денес за органските производи.

    На прашањето како Швајцарија има намера да ги храни животните исклучиво со своја храна, тој одговори дека земјата веќе има стапка на самостојност на храна за животни од 85 проценти , но тој смета дека тоа не е доволно. Што се однесува до забраната за профилактичка употреба на антибиотици, тој вели: „ Во нашата земја веќе е забрането “, коментира тој, додавајќи дека предлогот на иницијаторот е чисто клише.

    Поскапата храна би го загрозила туризмот

    Понатаму, тој забележува дека проблемот е во тоа што не е дозволена размена на храна за добиток меѓу фармите и дека во суви години кога недостасува би имало масовно колење. Сепак, тој смета дека дури и да има вишок сточна храна, не може да се тргува затоа што купувачот не треба да додава ништо на тоа, затоа смета дека тоа ќе заврши во постројки за биогас или постројки за компостирање.

    ” Ако снабдувањето со храна е сè повеќе ограничено, увозот ќе стане неизбежен. Трговијата на границите со Швајцарија ќе цвета уште повеќе, а туризмот може да страда поради поскапа храна”, рече Кремер-Шилинг. Неговиот соговорник се согласува со него, тврдејќи дека многу жители со пониски примања нема да можат да си дозволат храна.

    Тој признава како позитивно во овие две иницијативи дека населението се повеќе е заинтересирано за политиката за квалитет на почвата и храната, но и фактот дека локалното производство треба да биде заштитено со одредена тарифа за квалитетот на увозот . 

    „ Имаме еден од највисоките светски стандарди за благосостојба на животните, ја намаливме употребата на пестициди за 40 проценти во последните 10 години и ја преполовивме употребата на антибиотици “, рече тој, додавајќи дека на Швајцарија не и требаат овие иницијативи и ги повика гласачите да размислат двапати пред да донесе одлука.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img