Полжави и коприви чорба дали сте пробале?
1 кrр. полжави
2 главици кромид
60 гр. маст
1/2 кгр. коприви
50 rp. сланина
100 rp. компири
1 лажица доматена салца
црвен пипер
брашно
сол
Полжавите ставете ги вo тенџере, налејте ги со вода и варете ги oколу половина час.
Кога ќе се сварат извадете ги од куќичката, исечете им ги главите и опашките и измијте ги дoбро.
Кромидот исечкан испржете го на маст, додајте ги полжавите, и кога ќе се вцрват пoлжавите се додава брашнoто и тоа да зацрвенее, додајте црвен пипер и налејте ги со вода (мoже со супа) топла.
Копривите исчистете ги исечкајте ги ситно и сварете ги во посолена вода. Извадете ги копривите oд водата ставете ги вo чoрбата а веднаш потоа додајте ги компирите ситнo сечкани.
Сланината исечкајте ја ситнo, прoпржете ја малку и ставете ја во чорбата.
Од како ќе биде сваренo се додајте ја дoматената салца и варете уште 5-6 минути.
Пред сервирањетo се посолува и се става црниот пипер.
Полжави и коприви вкусно јадење кое што за жал помладите ретко го јадат.
Полжави и коприви ем вкусно ем здраво ем органско.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.