Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиСо тракторот помогнал полицијата да фати крадци

    Со тракторот помогнал полицијата да фати крадци

    petel baner

    “Го ставив тракторот во пониска брзина, го зголемив бројот на вртежи и се обидов да ги запрам”, опишува Баз Палмер за денот што можеше да биде само обичен ден за овој американски земјоделец. Тој со својот трактор и помогна на полицијата да фати крадци.

    Откако двајца криминалци во сојузната американска држава Северна Каролина и избегаа на полицијата беснеејќи по главниот пат, возејќи во погрешна насока и низ туѓ двор, тие завршија на теренски пат. Кога немаа каде на друго место, тие свртеа во самото поле. Но, таму беа опкружени со полициска патрола, но и со тракторот на храбриот земјоделец  Баз Палмер, најзаслужен што заврши оваа потера.

    Со своето возило марка „Кубота“ им го блокираше патот на криминалците. Иако во еден момент успеаа да го заобиколат, веднаш потоа тие завршија во блиското езерце каде заврши акцијата. Овој земјоделец стана херој на приказната. 

    Agrobot

    Го ставив тракторот во пониска брзина, го зголемив бројот на вртежи и се обидов да ги запрам “, објаснува Палмер. ” Кога ми пријдоа, имав можност. Така беше лесно” , додаде тој, истакнувајќи дека не се сомневал дека треба да и помогне на полицијата.

    Криминалците се уапсени

    Тој ја обработуваше својата земја, а потоа виде како автомобил вози низ полето и мноштво полициски возила зад него. Потоа го внел својот малолетен внук во куќата, седнал зад воланот и тргнал да помогне.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    полицијата да фати крадци

    ” Ако секој се крене и го прави она што требаше да го стори, животот ќе беше многу полесен. Понекогаш треба само да одиш и да помогнеш”, вели овој храбар земјоделец. „ Научив едноставна животна лекција: Не мешај се со тракторот Кубота управуван од старец и не бегај од шерифот “, се пошегува тој на крајот.

    Полициските службеници успеале да уапсат двајца криминалци, 48-годишниот Вард Вајланд и 62-годишниот Армонд Даглас, кои бегале поради поседување украдена стока. Тие дополнително беа обвинети за брзо возење и бегство од полицијата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img