Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021
More
    домаАгро ВестиСерами кокошки чија цена достигнува и до 800 евра!

    Серами кокошки чија цена достигнува и до 800 евра!

    Верувале или не, цената на еден вид Серами кокошки со потекло од Азија се движи од 400 до дури 800 евра, сето тоа единствено заради нивниот став.

    Серами кокошки е вид од Малезија, кој е познат по бујните гради и малата големина. Таа е една од најскапите раси во светот, сето тоа заради специфичната положба на телото.

    Возрасни се продаваат за помеѓу пет и 12 милиони индонезиски рупии, што е од 400 до 800 евра по единка.

    Тие се многу тешки за одгледување и чување, па затоа се многу ретки кај одгледувачите на украсна живина. Се карактеризираат со исправена опашка и крилја, како и широки гради. Исто така, тие се многу тешки за изведување, што трае околу 20 дена. Јајцата што ги поставуваат се пет пати помали од вообичаеното јајце на кокошка и обично имаат бела или крем боја.

    Постојат повеќе од 2.500 забележани бои на овој вид во Малезија. Сепак, акцентот е ставен на положбата на телото, големината, темпераментот, отпорноста и плодноста. Во зависност од големината, серамите се поделени во три групи: во петлите класа А тежат 225 до 350 гр, и кокошки 200 до 325 г. Петлите класа Б тежат 350 до 500 гр, кокошки од 325 до 425 г. Додека петлите од класа Ц тежат од 500 до 600 гр, а кокошките 425 до 525 гр.

    Серами кокошки

    Специфичен изглед и “гордо” држење на телото

    Луѓето се фасцинирани од нивниот карактеристичен став. Кога се гледаат од страна, серами кокошки наликува атна буквата S. Висината на телото на овие необични украсни кокошки е од 15 до 25 см. Главата мора да биде кратка, широка и длабока, навалена наназад, а сртот е мал до среден по големина. Очите варираат од портокалова до црвена боја. Грбот е многу краток и широк, а заедно со задната линија на вратот и опашката ја формираат буквата V. Клунот е малку свиткан и силен. Градите се кружни, многу добро развиени, широки и полни и достигнуваат скоро до клунот. Големите, широки и долги крилја се спуштаат директно надолу, но не ја допираат земјата.

    Серами кокошки

    Петлињата Серами тивко кукурикаат и сакаат да бидат во друштво на луѓе, што ги прави идеални за домашни миленици. Затоа не е изненадувачки што овој вид во моментов е многу популарен во Малезија како домашно милениче, понекогаш и повеќе од мачки или кучиња.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Наѓубрување на пченка
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Лимон, сол и бибер! Мешавина за важни проблеми
    spot_img

    ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ?

    View Results

    Loading ... Loading ...

    Земјоделци проверете ги сметките

    Земјоделци проверете си ги сметките !!! Денеска владата ги исплати сите заостанати субвенции на Земјоделците.Исплатени се и сите субвенции што треба да се...