Легнаа пари од субвенции – Земјоделци проверете си ги сметките.
9.738 Земјоделци денеска добија пари на сметките.
Стаува збор за исплата на субвенции за одржување на овошни насади и за мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства.
Средства од денешната исплата има на сметките на сите кои имаат поднесено барања за добивање на финансиска поддршка од „Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2020 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.
Легнаа пари од субвенции
Право на користење на поддршката за овошни насади имаат производителите на сливи, круши, јаболка, праски, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, бадеми, лешници, рибизли, гоџи бери, аронија. Корисници на мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години се сите земјоделски стопанства кои земале финансиска поддршка во 2017, 2018, 2019 година и истите не биле корисници на останати подмерки.
Малце комплицирано ова текстот ама кој лапна пари со здравје да си ги користи.
Кој дава пак да дава, кој зема пак да зема 🙂
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.